fbpx

Европската мрежа на оператори истражува како дошло до прекин на струја во регионот

Инцидентот се случи во Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и делумно во Хрватска

-

Европската мрежа на оператори на преносни системи ЕНТСО-Е го истражува инцидентот што се случи вчера во дел од системот за снабдување со електрична енергија во Југоисточна Европа, објавено е денеска на страницата „ENTSO-E“.

Во соопштението се наведува дека инцидентот се случил во Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и делумно во Хрватска.

„Загрозените оператори на мрежни системи, со поддршка од соседните оператори, по речиси два часа воспоставија нормален проток на напон со цел да го намалат влијанието на проблемот врз потрошувачите“, се наведува во соопштението.

„ЕНТСО-Е“ во моментов работи на прибирање технички податоци за прекинот на струја од засегнатите оператори и во најкраток можен рок ќе објави дополнителни информации.

Во согласност со методологијата за класификација на инциденти, Комитетот за операции на системот ќе спроведе детална истрага за инцидентот во наредните недели, со поддршка од експертски тим.

Неколку градови во Република Српска, Федерацијата Босна и Херцеговина, Црна Гора, Далмација и Албанија вчера останаа без струја поради проблеми во преносната мрежа во регионот и преоптоварување на клучните интерконективни линии.

Без струја речиси цела Црна Гора, како и делови од Хрватска, Албанија и БиХ

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Филков во Идризово по вчерашниот инцидент: Состојбата во затворите е алармантна

Состојбата во затворите е алармантна. Ресоцијализација и рехабилитација со лоши услови во затворите не може да има. Вака коментира новиот министер за правда Игор Филков, по денешната посета во...