Европската комисија демантира: Јункер не се повлекува

Европската комисија денеска ги демантираше објавите во некои медиуми дека нејзиниот претседател, Жан-Клод Јункер, ќе поднесе оставка.

Дел од европските весници денеска објавија дека Јункер најверојатно ќе се повлече од претседателската функција на почетокот од април годинава.

– Понекогаш новинарите повторуваат една иста работа без никака основа, не знам зошто се случува тоа. Јункер јасно изјави во 2014 година дека пет години му се доволни на таа позиција и оти нема да се кандидира за втор мандат. Со тоа тој си ја задржа слободата да прави што ќе оцени дека треба да прави, без да се стреми кон втор мандат. Со тоа Јункер останува независен и слободен – изјави портпаролот на ЕК.