Донецк: 15 загинати при напад на болница

Болницата во Донецк е погодена од артилериски оган, а убиени се 15 лица, соопштија локалните власти.

При гранатирањето на едно од главните упоришта на проруските бунтовници во Источна Украина, оштетена е една околна станбена зграда, како и еден далекувод.

Како што јавува „Раша тудеј“, бројот на повредените засега не е познат, а медицинските екипи се на терен.