Денеска во Вевчани започнува 10-тиот по ред Фестивал на народна култура „Пображење” во организација на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол” од Вевчани. Оваа година поради пандемијата со корона вирусот, програмата е редуцирана и прилагодена во согласност на новонастанатата ситуација и ќе се реализира под строги мерки и протоколи пропишани од министерството за здравство.

Фестивалот ќе започне вечерва во 19:30 часот со свечено отворање во центарот на Вевчани со Вевчанските зурли и тaпани и пејачката група Каданка. На отворањето ќе се обрати Проф.Др.Мирјана Мирчевска, етнолог/антрополог, член на организациониот одбор на фестивалот.

Поради ограничениот број на седишта и пропишаните протоколи, ќе биде овозможен директен online пренос преку youtube каналот на КУД „Дримкол“, како и преку регионалниот кабловски оператор.

Оваа година во програмската содржина, учесник ќе биде ликовниот сликар и ликовен педагог Даниел Тодоровски од Кратово.