fbpx
Свет Европа Страница 193

Европа

Надворешни активности се причина за падот на авионот кај Синај

Руската авиокомпанија „Когаљмавиа“ утврдила дека „надворешни активности“ се причина за уривањето на рускиот авион во кој загинаа 224 лица. Истовремено, портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави дена ниту една верзија за причините за падот на авионот не може да биде отфрлена. Тоа е неговиот одговор...

„Фајненшал тајмс“: Шведска ќе забрани плаќање со готовина

Шведска би можела да забрани употреба на готовина и целиот систем да се потпира на безготовинско плаќање, пишува „Фајненшал тајмс“. Според овој медиум, логиката на шведските власти е јасна - помалки пари во готовина значи и помалку вооружени грабежи. Помалу пари во оптек, воедно е и...

Могерини: Да се истражат нападите врз новинарите

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, денеска побара на новинарите да им се обезбеди без страв да си ја вршат својата работа, а тие што ги напаѓаат да бидат изведени пред лицето на правдата. - Нападите врз новинари не претставуваат...

Пронајдена бомба покрај писта на аеродром во Диселдорф

Седум летови на аеродромот во Диселдорф се откажани, откако во текот на ноќта, во близина на пистата е пронајдена бомба од Втората светска војна. - Поради контролираната експлозија на бомбата, откажани се неколку полетувања и слетувања - соопшти портпаролот на аеродромот, Кристијан Хинкел. Сè уште има многу неексплодирани...

Стотина летови откажани поради магла на „Хитроу“

„Бритиш ервејс“ откажа повеќе од сто лета поради густата магла што го зафати југоистокот на Англија. Бројни летови од лондонскиот аеродром „Хитроу“ се откажани, а патниците се повикуваат да ги проверуваат информациите на интернет-страницата на аеродромот за да не дојде до конфузија и до непотребно создавање метеж. Покрај...

Авиокомпаниите „Луфтханза“ и „Ер Франс“ нема да летаат над Синајскиот Полуостров

Двете најголеми европски авиокомпании, германската „Луфтханза“ и „Ер Франс КЛМ“, одлучија да не летаат над Синајски Полуостров сè додека не се утврдат причините за падот на рускиот патнички авион. Одлуката, како што наведуваат од две авиокомпании, е поради безбедносни причини. „Луфтханза“ има околу 10 летови кои...

Бегалците ќе можат да влегуваат во Германија само преку пет локации

Германија соопшти дека барателите на азил ќе можат да влезат на нејзина територија само преку пет места, долж границата со Австрија. Целта на ваквата политика, која стапува на сила веднаш, е подобра контрола на масовното влегување на бегалците во таа држава. Германија веќе постигнала договор со...

Се преврте автобус полн со деца во Германија, едно момче загина

Петгодишно момче загина, а 59 деца се тешко повредени кога се превртел автобус на автопат во Германија кај Ерфурт. Како што пренесува германски „Билд“, несреќата се случила околу 14.30 часот, кога автобусот кој доаѓал од Австрија, престигнувал камион, при што изгубил контрола и се превртел. Во...

Барателите на азил ќе ја чинат Норвешка една милијарда евра

Норвешката влада очекува дека во 2016 година азил ќе побараат 33.000 мигранти, што е трипати повеќе од годишниот просек изминатите неколку години. Владата проценува дека големиот број мигранти државата ќе ја чинат една милијарда евра, што е многу поголем износ од планираниот буџет. За да ги...

Швеѓанец го охрабрувал синот да стане терорист

Шведското обвинителство покрена обвинение против маж поради охрабрување, регрутирање и обука на други лица да извршат терористички напади. Како што се наведува во соопштението, обвинетиот му давал инструкции на својот син, кој во тоа време бил во Сирија. Обвинетиот давал упатства како да се разнесе...

Шпанија: Пронајдени тела на четири мигранти, а 35 се исчезнати

Шпанските спасувачки тимови денеска пронашле четири мигранти, а 35 лица се водат како исчезнати од чамец кој се нашол во проблеми додека пловел од Мароко кон Шпанија. Морнарската спасувачка служба соопшти дека 15 мигранти вчера се пронајдени живи во чамец во Средоземно Море, јужно од...

САД и ЕУ укинуваат дел од санкциите кон Белорусија

САД синоќа, веднаш по ЕУ, објави дека укинува одредени санкции кон Белорусија како знак на признание на ослободување на политичките затвореници. - Во координација со Европската унија, САД ги ублажи санкциите против девет белоруски компании, имајќи го предвид позитивниот потег на белоруската влада, која на...

Во Егејско Море вчера загинале 16 мигранти, од кои 11 деца

Најмлаку 16 мигранти, од кои 11 деца, се удавиле вчера во источниот дел на Егејско Море, во повеќе одвоени инциденти, вклучувајќи го и бродоломот кај островот Лезбос, во кој грчката крајбрежна стража успеала да спаси 242 лица, јавуваат светските агенции. Денеска, во близина на островот била...

Украинските власти и проруските бунтовници разменија заробеници

Украинските власти и проруските бунтовници во Источна Украина денеска разменија заробеници во присуство на ОБСЕ и на МКЦК. Како што јавуваат локалните медиуми, украинските власти ослободија 11 заробеници, а сепаратистите девет, односно четворица затвореници на Донецката народна република и петмина на Лугањска народна република. Официјален Киев...

Уапсена директорката на украинската библиотека во Москва

Рускиот истражен комитет денеска соопшти дека ја уапсил директорката на украинската библиотека во Москва, откако при претрес ѝ била најдена „антируска пропаганда“, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува „Би-Би-Си“, Наталја Шарина, која ја води библиотеката за украинска литература, била обвинета за потикнување етничка омраза. Од рускиот...

„Дојче банк“ со рекордна загуба од 6 милијарди евра, ќе отпушти 9.000 вработени

Најголемата германска банка „Дојче банк“, во третиот квартал евидентираше рекордни загуби поради високите судски трошоци, како и отпис на вредноста на т.н. нематеријален имот и удел во една од кинеските банки, пишува „Њујорк тајмс“. Во период од јули до септември, нето-загубата на „Дојче банк“ достигнал...

Могерини: Без колективен договор за бегалците, ЕУ може да се распадне

Европската унија би можела да се распадне ако на мигрантската криза не се одговори колективно и со инструментите што се на располагање, предупреди шефицата на дипломатијата на Унијата, Федерика Могерини, во интервју за италијанскиот весник „Ил соле 24 оре“. Според Могерини, која е и потпретседателка на Европската...

Замрзнати руските акции во „Јуроњуз“

Руското сопствеништво во „Јуроњуз“ е замрзнато врз основа на одлуката на судот поради тужбата што против Москва ја подигнаа акционерите на поранешниот нафтен гигант „Јукос“. Пјотр Федоров, извршен директор на руската медиумска организација ВГТРК, потврди за „РАИ Новости“ дека се замрзнати 7,5 отсто од акциите што ги...

Европратениците бараат укинување на субвенциите за одгледување бикови

Пратениците на ЕУ побараа денеска на фармерите во Шпанија и на југот на Фрнција, кои одгледуваат бикови за борби во арени, да им се одземе правото на средства од европските фондови поради „крвавиот спорт кој е суров и застарен“. „Извојување од Заедничка земјоделска политика или...

Пет бегалци денеска се удавија во Егејско Море

Најмалку пет бегалци, од кои четири се деца, се удавија денеска во водите на Егејско Море, јавуваат грчките медиуми. Крајбрежната стража изјави дека бегалците загинале во близина на брегот на Самос, а спасувачките екипи успеале да спасат 51 лице од истиот брод. Во одделен инцидент во близина...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...