fbpx
Свет Европа Страница 192

Европа

Грција испрати 30 бегалци со авион во Луксембург

Првата група од 30 бегалци од Сирија и од Ирак денеска од Атина авионски заминаа за Луксембург. Испраќајќи ја оваа прва група, со што се избегнува мачната патна рута од Грција кон Западна Европа, грчкиот премиер Алексис Ципрас сака да упати апел за крај...

Романскиот премиер си поднесе оставка поради пожарот во ноќниот клуб

Романскиот премиер, Виктор Понта, си поднесе оставка на функцијата еден ден по масовните протести поради пожарот што во петокот минатата недела избувна во ноќен клуб во Букурешт, јави „Би-Би-Си“. Во пожарот, во ноќниот клуб „Колектив“, животите ги загубија повеќе од 30 лица, а повеќе од...

Украина: Снајперист пукал во врховниот државен обвинител

Властите во Украина соопштија дека вчера од снајперска пушка е стрелано во врховниот државен обвинител Виктор Шокин. Нападот се случил во моментот додека Шокин бил во својот кабинет, а како што соопштуваат, го спасиле стаклата кои се отпорни на куршуми. Медиумите јавуваат дека украинскиот врховен државен...

Банката „Ју-Би-Ес“ под истрага поради корупцијата во ФИФА

Швајцарската банка „Ју-Би-Ес“ е под истрага поради поврзаноста со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), чии челници се осомничени за корупција. - Во „Ју-Би-Ес“ се истражуваат сметките на ФИФА и на другите фудбалски сојузи, органи и поединци – соопшти најголемата швајцарска банка. Истрагата се води против поединци и...

Меркел: Постои опасност од вооружени судири на Балканот

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди на опасност од вооружени судири на Балканот, каде што поминуваат најголем дел од бегалците, во случај Германија да ја затвори границата со Австрија. - Тензии во земјите на Западен Балкан веќе има и не сакаме да дојде до воени судири...

Бројот на жртвите во пожарот во Букурешт се зголеми на 31

Властите во Романија соопштија дека уште една личност им подлегнала на повредите предизвикани од пожарот во ноќниот клуб во Букурешт, со што бројот на загинатите се зголеми на 31. Министерот за внатрешни работи на Романија, Габриел Опреа, рекол дека машко лице чиј идентитет не е...

Путин: Авионската несреќа е голема трагедија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека авионската несреќа во која загинаа 224 лица е голема трагедија. - Би сакал уште еднаш да изразам сочувство на семејствата и на роднините на жртвите. Тоа е голема трагедија. Ние со нашите срца и души сме со вас –...

УНХЦР: Во октомври околу 218.000 бегалци стигнале во Европа преку Медитеранот

Повеќе од 218.000 бегалци пристигнале во Европа преку Средоземно Море во октомври, што е рекорден број на месечно ниво, соопшти денеска Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР). - Во октомври беше забележан рекорден број на бегалци на месечно ниво. Во септември беа регистрирани 172.843...

Надворешни активности се причина за падот на авионот кај Синај

Руската авиокомпанија „Когаљмавиа“ утврдила дека „надворешни активности“ се причина за уривањето на рускиот авион во кој загинаа 224 лица. Истовремено, портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави дена ниту една верзија за причините за падот на авионот не може да биде отфрлена. Тоа е неговиот одговор...

„Фајненшал тајмс“: Шведска ќе забрани плаќање со готовина

Шведска би можела да забрани употреба на готовина и целиот систем да се потпира на безготовинско плаќање, пишува „Фајненшал тајмс“. Според овој медиум, логиката на шведските власти е јасна - помалки пари во готовина значи и помалку вооружени грабежи. Помалу пари во оптек, воедно е и...

Могерини: Да се истражат нападите врз новинарите

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, денеска побара на новинарите да им се обезбеди без страв да си ја вршат својата работа, а тие што ги напаѓаат да бидат изведени пред лицето на правдата. - Нападите врз новинари не претставуваат...

Пронајдена бомба покрај писта на аеродром во Диселдорф

Седум летови на аеродромот во Диселдорф се откажани, откако во текот на ноќта, во близина на пистата е пронајдена бомба од Втората светска војна. - Поради контролираната експлозија на бомбата, откажани се неколку полетувања и слетувања - соопшти портпаролот на аеродромот, Кристијан Хинкел. Сè уште има многу неексплодирани...

Стотина летови откажани поради магла на „Хитроу“

„Бритиш ервејс“ откажа повеќе од сто лета поради густата магла што го зафати југоистокот на Англија. Бројни летови од лондонскиот аеродром „Хитроу“ се откажани, а патниците се повикуваат да ги проверуваат информациите на интернет-страницата на аеродромот за да не дојде до конфузија и до непотребно создавање метеж. Покрај...

Авиокомпаниите „Луфтханза“ и „Ер Франс“ нема да летаат над Синајскиот Полуостров

Двете најголеми европски авиокомпании, германската „Луфтханза“ и „Ер Франс КЛМ“, одлучија да не летаат над Синајски Полуостров сè додека не се утврдат причините за падот на рускиот патнички авион. Одлуката, како што наведуваат од две авиокомпании, е поради безбедносни причини. „Луфтханза“ има околу 10 летови кои...

Бегалците ќе можат да влегуваат во Германија само преку пет локации

Германија соопшти дека барателите на азил ќе можат да влезат на нејзина територија само преку пет места, долж границата со Австрија. Целта на ваквата политика, која стапува на сила веднаш, е подобра контрола на масовното влегување на бегалците во таа држава. Германија веќе постигнала договор со...

Се преврте автобус полн со деца во Германија, едно момче загина

Петгодишно момче загина, а 59 деца се тешко повредени кога се превртел автобус на автопат во Германија кај Ерфурт. Како што пренесува германски „Билд“, несреќата се случила околу 14.30 часот, кога автобусот кој доаѓал од Австрија, престигнувал камион, при што изгубил контрола и се превртел. Во...

Барателите на азил ќе ја чинат Норвешка една милијарда евра

Норвешката влада очекува дека во 2016 година азил ќе побараат 33.000 мигранти, што е трипати повеќе од годишниот просек изминатите неколку години. Владата проценува дека големиот број мигранти државата ќе ја чинат една милијарда евра, што е многу поголем износ од планираниот буџет. За да ги...

Швеѓанец го охрабрувал синот да стане терорист

Шведското обвинителство покрена обвинение против маж поради охрабрување, регрутирање и обука на други лица да извршат терористички напади. Како што се наведува во соопштението, обвинетиот му давал инструкции на својот син, кој во тоа време бил во Сирија. Обвинетиот давал упатства како да се разнесе...

Шпанија: Пронајдени тела на четири мигранти, а 35 се исчезнати

Шпанските спасувачки тимови денеска пронашле четири мигранти, а 35 лица се водат како исчезнати од чамец кој се нашол во проблеми додека пловел од Мароко кон Шпанија. Морнарската спасувачка служба соопшти дека 15 мигранти вчера се пронајдени живи во чамец во Средоземно Море, јужно од...

САД и ЕУ укинуваат дел од санкциите кон Белорусија

САД синоќа, веднаш по ЕУ, објави дека укинува одредени санкции кон Белорусија како знак на признание на ослободување на политичките затвореници. - Во координација со Европската унија, САД ги ублажи санкциите против девет белоруски компании, имајќи го предвид позитивниот потег на белоруската влада, која на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...