Македонија Страница 2069

Македонија

МВР го истражува пукањето на Владата, црни униформи засега нема

Ние како МВР, од професионални причини не би можеле да ги кажеме сите мерки и активности што ги преземаме, но можам да ве уверам дека сите мерки што се во рамките на нашите законски надлежности и сè што ни стои како алатка за откривање...

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема за возилата

Од 15 ноември почнува да важи обврската за носење зимска опрема во возилата. За возачите на автомобили, џипови и на лесни камиони е задолжително носењето зимски гуми и синџири, а за возачите на автобуси и на тешки камиони, и лопата, ако на погонските тркала...

Јанкулоска: Даваат изјави, а не ги знаат прописите

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска одби да ги коментира изјавите во врска со контрадикторностите околу учеството на полицијата во минатонеделната акција на УЈП и на Пазарната инспекција во Скопје, Куманово и во Тетово. Забуната што се сoздаде во јавноста, дојде по спротивставените изјави на заменик директорот...

Murderer from Kavadarci arrested

Triple murderer from Kavadarci is arrested, confirmed the Minister of Interior Gordana Jankulovska. Two days ago, he killed the mother, father and sister of his divorcing wife. Murder was reported by his wife.

Нимиц на Македонија ѝ предложил „Горна Република Македонија“

Последниот официјален предлог за името што посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц, минатата година, го понудил до Македонија и на Грција, го објави денеска БИРН. На документот до кој дојде БИРН, стои датумот 9 април 2013 година, што се совпаѓа со датумот на заедничката средба...

„Гардијан“: Како Александар Македонски влијае на спорот за името

Интерент-изданието на „Гардијан“ анализира како проектот „Скопје 2014“ влијае врз односите помеѓу Македонија и Грција, пренесувајќи дека восочната фигура на Александар Велики има почесно место во македонскиот музеј, што е најновиот пример на симболичното добивање поени во спорот за името. „Љубовната врска на Никола Груевски со...

Почна исплатата за избирачките одбори од минатите избори

Државната изборна комисија од вчера почна со исплатата на парите за предвремените парламентарни избори кои се одржаа во април годинава, дознава агенцијата „Мета“. Оваа информација ја потврдија и од Државата изборна комисија. - Од вчера попладне почнавме со исплата на парите за избирачките одбори за...

Јанкулоска ќе одржи предавање во гимназијата „Јосип Броз Тито“

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје, ќе присуствува на предавање во рамки на заедничкиот проект на министерствата за внатрешни работи и за здравство, посветен на младите. Предавањето е за влијанието на алкохолот, дрогата и на психотропните супстанции...

Волерс: Проблемите се решаваат преку дијалог

Проблемите во секое општетство можат да се решаваат само преку соочување со нив и со дијалог, а не со насилства или со игнорирање, порача вчера американскиот амбасадор, Пол Волерс, говорејќи во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје. - Пред неколку недели, беа нападнати поддржувачите на ЛГБТ-центар...

УЈП и Пазарниот инспекторат во акција во Дебар

Управата за јавни приходи и Пазарниот инспекторат ги продолжија акциите во Дебар. Инспекторите ги казнуваа угостителските објекти кои немаат фискални каси и кои не го почитуваат Законот против пушење.

Кампања: „Сакаш ли и ти да помогнеш?“

Здружението за борба против ракот „Борка“ и „Рамстор мол“ од денеска ќе почнат хуманитарна кампања под слоганот „Сакаш ли и ти да помогнеш?“ Оваа акција има цел да ја зголеми свесноста за ракот и за превентивното и навремено дејствување против него. Секој вторник во наредните три...

Време: Облачно со магла

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено до значително облачно, со магла по котлините и во речните долини во утринските часови. Во текот на денот, маглата ќе се намалува, а ќе дува и слаб југоисточен ветер. Температурата преку денот ќе се движи од 12 до...

СДСМ бара да се обезбедат подобри услови во училиштата

Алармантна е финансиската ситуација во основното и во средното образование. Училиштата во Карпош должат повеќе од еден милион евра, во Струга и во Кичево нема пари за нафта и за греење, во селата во Велес родителите не ги пуштаат учениците на настава поради нехигиена, Битола...

Собранието не ги констатираше оставките, оставена можност за дијалог

Собранието ја почна процедурата за одземање на пратеничките мандати на 31 пратеник на опозицискиот СДСМ, кои во рок од шест месеци ниту еднаш не седнаа во пратеничките клупи. На претпладневната средба на координаторите на пратеничките групи, договорено е да се овласти Генералниот секретар на Собранието,...

„Студентски пленум“ в среда пред платото на УКИМ

Студентската иницијатива „Студентски пленум“ на својата фејсбук-страница објави дека четвртиот по ред собир на студентите ќе се одржи в среда, точно напладне, пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј, пренесува „Радио МОФ“. Студентите почнаа да организираат собири пред повеќе од две недели по најавите...

ВМРО-ДПМНЕ: „Сахара груп“ не оштети никого

Во случајот со индиската компанија „Сахара груп“, граѓаните не се оштетени од ниту еден аспект и државата постапи одговорно, заштитувајќи се и поставувајќи барања за банкарски гаранции, реаграат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ. Како што тврдат од владејачката партија, Владата и премиерот Груевски никогаш...

Доделени 20 стипендии за Универзитетот „Шефилд“

Стипендии за постдипломски студии на „Сити-колеџ“ во Солун, кој е дел од Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија, денеска добија 20 најдобри студенти. Стипендиите, кои го носат името на поранешниот претседател Борис Трајковски, се доделуваат традиционално веќе петта година по ред. Секоја стипендија поединечно е во висина...

Спој во електричната инсталација, причина за пожарот во зградата на Владата!?

Спој во електричната инсталација, што се случил додека се изведувале градежни работи, е првичната и неофицијална причина за пожарот што изутринава ја зафати фасадата на владината зграда, велат извори од МВР. Денеска, полициски тимови извршија увид на местото, а по анализата и вештачењето на подигнатиот материјал,...

На телото на Дениса не можат да се прават токсиколошки анализи

На Иститутот за судска медицина, чиј тим вештаци треба да го утврди идентитетот и, евентулано, причините за смртта на девојката, за која нивни колеги во Грција констатираа дека е Дениса Маркоска, најверојатно нема да се прави токсиколошка анализа бидејќи кадаверот е оштетен од морската вода...

Графити со содржина „Албанска национална Илирида“ и „УЧК“ испишани на споменик од НОБ во Гостивар

На споменикот на загинатите борци од НОБ во Гостивар, непознати лица испишале графити со етинички пароли на албански јазик, информира полицијата. Графити со содржина, „Албанска национална Илирида“ (Ilirida shqipri etnike), „Илирида на кастриотите“ (Ilirida kastriotet), „УЧК“, „Гаши, Фатон, Исен, Вулнет“ (Gaxi Faton Isen Vulnet), освен на споменикот на...

„Слушни ме“ – настан за одбележување на Меѓународниот ден на знаковен јазик

Младинскиот образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, организира настан за одбележување на Меѓународниот...