Ние како МВР, од професионални причини не би можеле да ги кажеме сите мерки и активности што ги преземаме, но можам да ве уверам дека сите мерки што се во рамките на нашите законски надлежности и сè што ни стои како алатка за откривање на какви било состојби во општестово, а кои се од интерес на безбедосните служби, ќе бидат применети,изјави денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, во врска со коминикето кое во петокот, минатата недела, го лиферуваше извесна Национална ослободителна армија (НОА), во кое ја презеде одговорноста за нападот на зградата на Владата, што се случи на 28 октомври.

Според Јанкулоска, досега на територијата на државата не се регистрирани припадници на параполициски формации, во црни униформи и МВР сè уште работи по пријавата на вработени во тетовскиот „Водовод“ дека две лица им се заканиле, наредувајќи им да престанат со работните активности.

– Во моментот кога е примена пријавата, преземени се сите дејства кои се соодветни на ваква ситуација и доколку се случи да бидат лоцирани такви лица, што до моментот не се случило, ние ќе пристапиме кон спроведување мерки за нивно лишување од слобода и, се разбира, доколку утврдиме некакво прекаршување на законот, ќе поднесеме соодветна пријава – изјави Јанкулоска.