Државната изборна комисија од вчера почна со исплатата на парите за предвремените парламентарни избори кои се одржаа во април годинава, дознава агенцијата „Мета“. Оваа информација ја потврдија и од Државата изборна комисија.

– Од вчера попладне почнавме со исплата на парите за избирачките одбори за претходните избори. Исплатата треба да заврши до крајот на неделата – изјавија за „Мета“ од Државната изборна комисија.

Во Македонија има 2.976 избирачки одбори со околу 35.000 луѓе.