fbpx

Собранието не ги констатираше оставките, оставена можност за дијалог

-

Собранието ја почна процедурата за одземање на пратеничките мандати на 31 пратеник на опозицискиот СДСМ, кои во рок од шест месеци ниту еднаш не седнаа во пратеничките клупи. На претпладневната средба на координаторите на пратеничките групи, договорено е да се овласти Генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски, во рок од седум дена да подготви извештај за присуството на претниците на седниците, а потоа извештајот да го предаде на разгледување на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања. Дури потоа, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, точката за одземање на мандатите ќе ја стави на дневен ред. Со ова е испочитувана процедурата во Уставот, според која на секои шест месеци се поднесува извештај за присуство на пратениците во Собрание.
Од СДСМ на ова велат дека игрите со датуми и со ултиматуми, толкувањето на уставот и на законите се проблем на Вељаноски, ВМРО-ДПМНЕ и на владејачкото мнозинство.

– Оставките на пратениците на СДСМ и на коалициските партнери се депонирани во Собранието. Ние одлуката ја донесовме на највисоките партиски тела и немаме намера да отстапиме од тоа. И на јавноста и на власта им е познат ставот на опозицијата за неприфаќање на пратеничките мандати. Она што е единствено прифатливо за нас се разговори за сите пет теми што ги побаравме – рече Шилегов.

Според професорот Саво Климовски, не треба да се бараат последиците за оваа ситуација, туку причините, кои, според него, се наоѓаат токму во Уставот. Тој вели дека имаме различен политички систем од оној кога е направен Уставот, а Уствот сè уште е ист.
– Уставот не треба да го цитираме како последица за ова што се случува моментално во Собранието, туку во него да ги бараме причините за сегашниве проблеми. Но, очигледно никој нема намера да го отвори Уставот, затоа што се плашат – вели Климовски.

Вељаноски имаше можност на денешната седница само да ги констатира депонираните оставки на пратениците на СДСМ, но со течењето на постапката се остава време евентуално да почне политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата или за премислување на дел од опозициските пратеници, за што во последно време многу се шпекулираше. За одземање на мандатите ќе треба 82 пратеника да гласаат за предлогот, вклучувајќи ги и пратениците од ДУИ.

Ставот на албанскиот владин коалиционер од почеток е дека тие се против одземањето на мандатите и очекуваат преку политички дијалог да се реши бојкотот на Собранието.

Ако Собранието им ги одземе мандатите на пратениците, тие ќе се понудат на наредните на листата. Ако еден пратеник не го прифаќа мандатот, се прашуваат другите од листата. Откако ќе се изјаснат сите, се распишуваат дополнителни избори, но законот не утврдува рокови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...