Македонија Страница 2066

Македонија

Бошкоски не сакаше да даде завршен збор во случајот „Ровер“

Љубе Бошкоски на денешното судење за случјот „Ровер“  не сакаше даде завршен збор поради „монтираниот и трагичен судски процес“. - Ни на крајот од мојот ум не мислам да барам ослободителна пресуда од вака дерогиран суд, кој не го признавам. Тоа би било премногу комично...

Акција на УЈП во Боговиње, Камењане и во Челопек

Управата за јавни приходи синоќа изврши контрола  во Боговиње, Камењане и во Челопек. Инспекторите, заедно со полициска придружба, ги проверуваа трговските објекти. Се проверува дали тие издаваат фискални сметки и дали ги почитуваат законите.

УКИМ и „Нова“ ќе потпишат меморандум за соработка

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Меѓународните училишта „Нова“ денеска ќе потпишат меморандум за соработка. Со потпишувањето на овој меморандум се предвидува да почне соработката преку организација на настава по кинески јазик во училиштето „Нова“, а со тоа кинескиот јазик ќе се придружи...

Две нови автопатски делници во Охрид и во Струга

Со вкупно 86 милиони евра, средства од Европската банка за обнова и развој, одобрени како поддршка на јавните инвестиции во инфраструктурни објекти во Република Македонија, ќе се гради нов, експресен пат од Охрид до туристичката населба Пештани. Сообраќајницата е и дел од меѓународниот пат...

В недела, изложба на шарпланинци во Аеродром

В недела, 16 ноември 2014 година, во паркот Аеродром, со почеток во 10 часот, ќе се одржи изложба на единствената македонска раса на куче, шарпланинец. Станува збор за Државно првенство, кое се одржува 16. пат, а го организира Македонскиот клуб на овчарско куче „Шарпланинец“, каде што може...

Денеска е ден на жалост во Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, донесе одлука денешниот ден да биде прогласен за ден на жалост во градот, поради трикратното убиство што се случи во неделата. На денот на жалоста, знамињата во општина Кавадарци ќе бидат истакнати на половина копје, а сите закажани културни и спортски...

Децата од градинката „Срничка“ градеа град од коцки

Дечињата од градинката „Срничка“, по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на градот Скопје, беа во посета на Детскиот културен центар – Карпош,  каде под мотото „Да го изградиме нашиот град“, се приклучија во изградбата на импровизиран град од коцки.  

МВР приведе учесници од организацијата на „Скопски фестивал“

Повеќе учесници во организацијата на „Скопски фестивал 2014 година“ се повикани на информативен разговор под сомневање дека направиле измама со телефонското гласање, потврди портпаролот на МВР, Иво Котески, за новинската агенција „Мета“. Засега нема информација колку лица се повикани затоа што, според нашите информации, можно...

Жерновски: Опозицијата е сплотена како никогаш досега

Никакви притисоци нема да нè поколебаат, подготвени сме да одиме до крај. Финалната цел е Груевски да си замине за доброто на Македонија, порача на трибината во Крива Паланка лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски, и рече дека „бомбата“ ќе биде во народот, кој ќе ја испрати пораката...

Нема напредок во преговорите за името

Амбасадорот Метју Нимиц изјави дека не е постигнат напредок кон решение на спорот за името во разговорите што се водеа со преговарачите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. На средбата, која се одржа во зградата на Обединетите нации во Њујорк, посредникот Нимиц не дал нов предлог за решавање на...

Времето денеска, облачно со дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од седум до 13 Целзиусови степени, а дневната од 13 до 17 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно, со...

Поповски – Хан: ЕУ ќе преземе поактивна улога околу името

Новoименуваниот комесар за претпристапни преговори на Европска Унија (ЕУ), Јоханес Хан, најави дека лично ќе се погрижи околу проблемот за името што го имаат Грција и Македонија. На средбата со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, се разговарало за „извештајот за напредок и...

Отровни производи завршувале на македонските трпези

Вкупно 42 прехранбени производи со потекло од Македонија, полни со пестициди, канцерогени материи и со опасни бактерии, биле откриени во земјите на ЕУ во последните години, јавува „Нова“. Околу 40 производи опасни по здравјето на граѓаните, пак, биле увезени од други земји во Македонија....

Фондот нема да го покрие лекувањето на Тамара Димовска

Фондот за здравство нема да ги покрие трошоците за лекување во странство на малата Тамара Димовска од Велес, на која ѝ се заканува траен инвалидитет, јави „Телма“. Тамара имала метална шипка која ѝ била прикачена за ’рбетот и ја одржувала исправена, но таа станала прекуса...

Отворена првата градинка во Дојран

Првата градинка во Дојран е со капацитет за згрижување на 50 деца
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и градоначалнкот на Дојран, Борче Стамов, ја отворија првата градинка во Дојран која ќе згрижува деца од целата општина. Градинката „Кокиче“ има можност за згрижување до 50 деца, а моментално половина од капцитетот е веќе исполнет. Засега...

(ВИДЕО) Полицијата го бркала осомничениот убиец по гробиштата во Кавадарци

Од МВР денеска излегоа со официјални детали од апсењето на осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци. Како што информираат оттаму, 40-годишниот Т.С. бил уапсен вчера, околу 11.30 часот, по бркотница со полицијата на градските гробишта и низ околните улици во Кавадарци. По речиси дводневна потрага и...

Пуштени во употреба игралишта во Карбинци и во Штип

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, денеска предадоа во употреба повеќенаменски игралишта во општините Карбинци и Штип. Во придружба на градоначалникот на општина Карбинци, Зоран Минов, прво во употреба беше пуштено повеќенаменското...

Попис во Македонија нема ни догодина

Во нацрт-буџетот за наредната година нема предвидено пари за попис. Ниту во ставката на Државниот завод за статистика (ДЗС) ниту, пак, кај Државната изборна комисија(ДИК), кои, според некои шпекулации, би можеле да го спроведат пописот. Во нацрт-буџетот за  2015 година за ДЗС предвидени се...

Јакимовски: СДСМ е единствена партија во Европа која се финасира со задолжување

Еден од начините за финансирање е со кредитно задолжување, реагираат од Општина Карпош на прес-конференцијата на СДСМ на која обвинија дека Општината ќе се задолжи за нови 2,5 милиони евра. - Кога станав градоначалник во 2009 година, Општина Карпош имаше два кредити од речиси еден милион евра,...

СДСМ: Стевчо Јакимовски ќе ги задолжи граѓаните за нови 2,5 милиони евра

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на денешната седница на Советот предлага да се донесе одлука за долгорочно задолжување на Општината за нови 2,5 милиони евра. Ова ново задолжување со кредит од 2,5 милиони евра ќе треба да го враќаме ние, граѓаните на Карпош,...

„Слушни ме“ – настан за одбележување на Меѓународниот ден на знаковен јазик

Младинскиот образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, организира настан за одбележување на Меѓународниот...