Две нови автопатски делници во Охрид и во Струга

-

Со вкупно 86 милиони евра, средства од Европската банка за обнова и развој, одобрени како поддршка на јавните инвестиции во инфраструктурни објекти во Република Македонија, ќе се гради нов, експресен пат од Охрид до туристичката населба Пештани. Сообраќајницата е и дел од меѓународниот пат до Свети Наум и оттаму за Република Албанија.

Новиот експресен пат Охрид – Пештани, во должина од 14,5 километри, ќе се гради паралелно на постојаниот пат покрај плажите, а во понатамошниот период ќе биде меѓусебно поврзан со попречни локални патишта. Со изградба на оваа делница на ниво на експресен пат, ќе се олесни протекот на сообраќајот низ населените места, особено во летните месеци од годината, што е значајно и од аспект на туристичкиот развој на Охрид, македонскиот прв туристички и летен културен центар.

Новото сообраќајно решение е втор обид за поврзување на Пештани со Охрид. Пред три децении беше пробиена нова траса, која ја одбегнуваше туристичката населба Свети Стефан, се спушташе кај хотелот „Метропол“ и оттаму продолжуваше за Пештани. Остана како нем сведок затоа што во времето на владата на Љубчо Георгиевски, таа идеја беше напуштена, додека сообраќајницата до Свети Стефан, доби уште една лента, како автопатско решение. Но, тука и застана. Натаму сообраќајот се одвива по стар и несоодветен пат, кој не само што е тесно грло, туку е и многу опасен и веќе одзел многу човечки животи.

Од истите средства ќе се гради и автопатското поврзување од Струга до Требеништа, каде се поврзува со новиот автопат Охрид – Кичево и понатаму за Скопје, односно патниот коридор 8.

Автопатската делница Требениште – Струга е со должина од 8,5 километри. Автопатското решение предвидува изградба на нова делница со коловоз од две ленти во секој правец, со широчина од 3,75 метри, и по една застанувачка лента широка 2,5 метри. Проектна брзина за движење на возилата ќе биде 120 (130) км/час.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...