Бројот на жртвите во лавината во Италија достигна 21 лице

Бројот на жртвите во лавината што го затрупа хотелот во централниот дел на Италија се зголеми на 21 лице, а осум сè уште се водат за исчезнати, јавуваат локалните медиуми.

Италијанската телевизија „Раи њуз 24“ денеска јави дека бројот на жртвите се зголемил на 21, откако спасувачите извлекле уште три тела од урнатините и од снегот.

Лавината го погоди хотелот „Ригопијано“ на 18 јануари во планинскиот регион Абруко во Централна Италија.
Лавината беше поттикната од серија земјотреси што го погодија тој дел од земјата, а тресењето на тлото се почувствувало и во Рим.

Два дена по несреќата, десет лица, меѓу кои и три деца, беа извлечени живи од урнатините и од снегот.
Италијанските истражители отворија истрага за убиство, земајќи ги предвид безбедносните мерки на хотелот во поглед на лавината.