fbpx
Таг: лавина

таг: лавина

Лавина од снег го блокираше патот Маврово – Дебар

Поради лавина од снег сообраќајот на патот Маврово-Дебар се одвива наизменично по една коловозна лента. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека лавината се наоѓа кај местото викано „Врбјанска раскрсница“ и оти се појавила околу 13.20 часот Ова е втор пат овој патен правец за кратко време да го блокира лавина. Пред извесно време лавина со снег имаше кај Бигорскиот...

Четири лица загинаа во лавина на западот на Австрија

Четворица скијачи загинаа денеска, кога лавина затрупала група од осум лица, на западот на Австрија, потврди полицијата. Според надлежните, другите четворица преживеале и биле евакуирани со хеликоптер. По потрагата, спасувачките служби успеале да ги извлечат телата на настраданите скијачи, за кои се верува дека се Швајцарци. Несреќата се случила во близина на врвот Јохгрибенкоф, на 2.450 метри надморска височина. По оваа несреќа, бројот...

Четири лица загинаа при лавина на Алпите

Најмалку четири лица загинале кога снежна лавина се срушила врз девет лица во близина на скијачкиот центар Тињ на француските Алпи, соопштија спасувачките служби. Како што се наведува, тие се наоѓале надвор од стазите за скијање. До сега се извлечени две лица, а три се водат како исчезнати. Снежната лавина била широка 400 метри, а несреќата се случила на висина од...

Извлечени и последните тела од хотелот во Италија, настрадаа 29 лица

Италијанските спасувачи утринава ги извлекоа и последните тела од урнатините на хотелот уништен од лавина. Вкупно, настрадаа 29 лица, соопштија противпожарните служби. Како што се наведува во соопштението, со тоа е ставен крај на повеќедневната потрага по преживеаните и по телата на настраданите во хотелот „Ригопијано“ во Централна Италија, кој на 8 јануари беше погоден од лавина, предизвикана од земјотрес. Од урнатините...

Бројот на загинати во лавината во Италија се зголеми на 25 лица

Бројот на загинати во лавината во Италија се зголеми на 25 лица, 13 мажи и 12 жени, јавуваат италијанските медиуми. Исчезнати се уште четворица, а спасувачките акции ќе продолжат сè додека не се пронајдат, иако е мала веројатноста тие да се преживеани, велат спасувачите. Лавината го погоди хотелот „Ригопијано“ на 18 јануари во планинскиот регион Абруко во Централна Италија. Лавината беше поттикната од серија...

Бројот на жртвите во лавината во Италија достигна 21 лице

Бројот на жртвите во лавината што го затрупа хотелот во централниот дел на Италија се зголеми на 21 лице, а осум сè уште се водат за исчезнати, јавуваат локалните медиуми. Италијанската телевизија „Раи њуз 24“ денеска јави дека бројот на жртвите се зголемил на 21, откако спасувачите извлекле уште три тела од урнатините и од снегот. Лавината го погоди хотелот „Ригопијано“ на 18...

Извлечени уште шест тела од затрупаниот хотел во Италија

Уште шест тела беа извлечени од хотелот во централниот дел на Италија, на кој пред речиси една недела се урна снежна лавина. Спасувачките екипи сè уште бараат 17 исчезнати лица. Сега е потврдено дека 12 лица смртно настрадале откако лавината го прекри хотелот „Ригопијано“. Спасувачите не губат надеж дека ќе пронајдат преживеани, откако вчера под урнатините и под снегот беа пронајдени три живи кутриња. Во...

Пронајдени шест тела во затрупаниот хотел во Италија

Спасувачките екипи пронајдоа тела на шест лица кои загинаа откако снежна лавина го затрупа хотелот „Ригопијано“ во централниот дел на Италија. Спасувачите сè уште трагаат по 23 лица. Италијанските медиуми јавуваат дека спасувачите вчера успеале живи да извлечат девет лица, од кои четири се деца. Операциите за спасување продолжуваат иако се спроведуваат под исклучително тешки временски услови. Некои од спасувачите велат...

Шест преживеани пронајдени во затрупаниот хотел во Италија

Шест лица се пронајдени живи под урнатините на хотел во планинска област во италијанскиот регион Абруцо. Врз хотелот пред два дена се урна лавина, а претставниците на противпожарните бригади наведуваат дека преживеаните допрва треба да бидат извлечени. Првиот контакт со преживеаните е воспоставен околу 22 часот, јавува италијанската агенција. Снежна лавина во средата го затрупа малиот хотел во кој имало 30 гости, меѓу...

Трае потрагата по 35 лица исчезнати во лавината што погоди хотел во Италија

Спасувачките екипи извлекле три тела од хотелот „Ригопиано“, во италијанскиот регион Абруцо, кој синоќа беше погоден од снежна лавина предизвикана од серијата земјотреси кои вчера ја потресоа Италија, јавува „Би-би-си“. Во меѓувреме трае потрагата по 35 лица кои биле во хотелот за време на лавината, а кои се водат како исчезнати. Проблемите предизвикани од големиот снег и од земјотресите ги...

Лавина на Алпитe, има загинати и повредени

Најмалку едно лице загина, а повеќемина се сериозно повредени во лавната што се случи на австриските Алпи. Како што се наведува, до несреќата дошло попладнево, кога на осум скијачи кои се искачувале на планината им се урнала лавина од 3.000 метри височина. Две лица, чиј пол и националност не се наведени и кои не биле повредени во несреќата, ги повикале спасувачите. Сериозно повредените се...

Шест скијачи загинаа во лавина на италијанските Алпи

Лавина усмрти шест скијачи во Монте Невозо на италијанските Алпи, надвор од скијалиштето, соопштија италијанските власти. Италијанската полиција ја потврди информацијата за жртвите во лавината што се случила денеска околу пладне, на висина од околу 3.000 метри. Спасувачката акција сè уште е во тек. На местото на несреќата пристигнал хеликоптер со кој се донесени кучиња трагачи, кои се обидуваат да ги лоцираат преживеаните. Како...

Пет лица загинаа во лавина во Западна Канада

Пет возачи на моторни санки загинаа во снежна лавина, на западот од Канада, додека шест лица се извлечени и спасени, соопштија канадските власти. Несреќата се случила вчера попладне, во областа Британска Колумбија, кај селеото Ем си Брајд, 800 километри оддалечено од Ванкувер. Спасувачките екипи наведуваат дека возачите на моторни санки заталкале во област која е забранета за скијачи и за љубители...

Во лавината на француските Алпи досега има тројца загинати

Бројот на загинати во лавината што се случи во скијачки центар на француските Алпи се искачи на три лица. Загинати се двајца средношколци и еден турист од Украина. Меѓу повредените се и еден ученик и професорот што ги придружувал учениците, а сè уште трае потрагата по уште пет други. Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, им изрази искрено сочувство на блиските на жртвите и најави...

Дете почина затрупано во лавина на француските Алпи

Лавина на француските Алпи попладнево затрупа девет деца и наставник, кој ги придружувал. Според досегашните информации, едно од децата е загинато, три се потешко повредени, а по другите сè уште се трага. Во потрагата учествува полицијата, помогната од два хеликоптери.

Франција: Тројца загинати во лавина на Алпите

Три лица загинаа, а едно се наоѓа во критична состојба по лавина на француските Алпи, јавува „ОЕ24“. Настраданите биле членови на група скијачи од 11 лица, од кои седум успеале да се спасат. Новинската агенција АФП јавува дека настраданите се Австријци, но шпанската агенција ЕФЕ јавува дека двајца од загинатите се Австријци, а третиот е Италијанец.

Авганистан: 28 загинати во лавина

Најмалку 28 лица загинаа во Авганистан во лавина предизвикана од обилни снежни врнежи, а се очекува бројот на жртвите дополнително да се зголеми, соопштија локалните власти. Поголем дел од жртвите го загубиле животот во провинцијата Пањсир, северно од главниот град Кабул, каде поради непрестајните снежни врнежи во последните два дена, блокирани се главните сообраќајници, па спасувачките екипи тешко се пробиваат...

Лавина на патот Дебар – Маврови Анови

На коловозот на регионалниот патен правец Дебар - Маврови Анови, во близина на Бигорскиот манастир, утрово се срушила лавина од снег, камења и од земја. Сообраќајот е во прекин, а екипи на „Македонија пат“ го расчистуваат наносот. Според Автомото-сојузот на Македонија, сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар за патнички возила е нормализиран. Останува забраната за движење на тешки товарни возила.

Австрија го зголеми степенот за опасност од лавини

Австриските власти во покраината Тирол го зголемија степенот на тревога за опасност од лавини на четврто од можни пет нивоа. Покраинските служби апелираат неискусните скијачи да не ги напуштаат обезбедените патеки и додаваат дека ситуацијата е мошне тешка, особено на пределите кои се наоѓаат на надморска височина поголема од 2.200 метри.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...