Бројот на загинати во експлозијата за пиротехнички средства во Италија се искачи на девет

Бројот на жртви во експлозијата во една фабрика за пиротехнички средства во Италија се искачи на девет лица, откако уште две лица за време на викендот им подлегнаа на повредите, соопштија болнички извори.

Седум лица загинаа на местото на несреќата, додека повеќе луѓе се повредени, во експлозијата што се случи во петокот, во фабрика за пиротехнички средства, во јужното италијанско пристаниште Бари.