Бошко Грујоски нов в.д. директор на Кинотека

Грујоски повеќе од 15 години е дел од тимот на Кинотеката, и веќе бил на директорската позиција претходно, во периодот во 2016 и 2017 година

-

Изминатава недела Кинотеката доби нов в.д. директор, Бошко Грујоски, кој доаѓа на местото на претходниот в.д. директор Бојан Станишиќ.

Грујоски повеќе од 15 години е дел од тимот на Кинотеката, и веќе бил на директорската позиција претходно, во периодот во 2016 и 2017 година. На менаџерската позиција доаѓа од Одделението за истражувачка, издавачка, библиотечна, меѓународна и јавна дејност и филмска програма на Кинотеката.

Во периодот кога Грујоски беше активен директор на Кинотеката, меѓудругото, беше извршена дигитална реставрација на играните филмови на режисерот Бранко Гапо, потоа беше реализиран меѓународниот проект European Film Gateway во соработка со Европската асоцијација на кинотеки, а беа завршени и двата последни документарни филмови од серијалот „Сведоци“ како резултат на научно-стражувачкиот проект заеднички реализиран со Институтот за национална историја и МРТВ.

„Токио Гејм Шоу“ се одржа минатиот викенд

Минатиот викенд се одржа овогодишното издание на „Токио Гејм Шоу, можеби настанот со најинвентивни идеи од светот на видео-игрите. Оваа година целата манифестација пријатно ги изненади сите гејмери ширум...