Дваесет и пет лица се повредени откако бомба експлодирала во воз во Тајван, соопшти полицијата. Бомбата била рачно изработена, а експлозијата не се поврзува со тероризам.
Премиерот Лин Чуан оцени дека експлозијата е „намерен и малициозен“ чин.
Властите трагаат по маж во црна облека, на возраст од околу 40 години, кого очевидците го забележале неколку минути пред експлозијата.
Направата, челична цевка долга 47 сантиметри, наполнета со барут, според претпоставките на полицијата, била донесена во торба, која е пронајдена во тоалет во еден од вагоните.