Блокирани сметките на 103.934 граѓани и фирми во првата половина од 2020 година

Фото: Мета.мк

Вкупно 224.496 трансакциски сметки на 103.934 депоненти биле блокирани заклучно со јуни годинава, покажуваат податоците на Народната банка. Од вкупниот број блокирани депоненти, 78.331 се граѓани, а 25.603 се правни лица.

Статистиката на Народната банка покажува дека со мали варијации бројот на блокирани граѓани и фирми лани и во првото полугодие од годинава постојано е над границата од 100.000, што го отвара прашањето дали станува збор за едни исти физички и правни лица кои се блокирани подолг период или пак има позначајни месечни и годишни промени во однос на структурата на депонентите.

Од Народната банка за „Мета.мк“ велат дека во податоците за платежната статистика, коишто банките ги доставуваат согласно со подзаконската регулатива, не се опфатени податоци за блокирани трансакциски сметки и основи на блокади по поединечни правни и физички лица. Поради тоа, не може да се утврди дали станува збор за нови блокади или пак за сметки коишто се блокирани со години наназад