Австрија се закани дека ќе ја тужи Унгарија ако не ги прими мигрантите

Австрија ќе jа тужи Унгарија доколку таа земја одбие да ги прими назад мигрантите, кои, според европските правила, се обврзани да побараат азил во првата држава на ЕУ во којa влегле минатата година, изјави министерот за внатрешни работи на Австрија, Волфганг Соботка.

Државите на Централна и на Источна Европа, вклучително и Унгарија, се противат на обидите на ЕУ да ги принуди своите членки да примаат мигранти во согласност со одредени квоти.

– ЕУ е здолжена за спроведување на Даблинскиот договор за државите кои постојано го кршат законот да сносат правни последици. Во овој случај Австрија мора да поднесе тужба . ЕУ мора да постапува по закон – изјавил Соботка.

Владата на Унгарија смета дека Даблинскиот договор одамна е пропаднат и сè уште не се произнела по повод оваа изјава на Соботка.