Агенцијата за катастар на недвижности со кампања во борба против корупцијата

Кампањата има за цел да ја подигне јавната свест за пријавување случаи на корупција и eвентуална злоупотреба на службената положба од страна на вработените во Агенцијата

-

Преку превентивната кампања „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, Агенцијата за катастар на недвижности вели дека ќе работи на подигнување на свеста за спречување корупција во институцијата.

Од таму велат дека корупцијата во државните институции претставува сериозна закана за нивниот интегритет и го поткопува јавниот интерес, создавајќи атмосфера на недоверба, нееднаквост и неправда.

„Затоа, потребно е секој поединец да преземе одговорност и да пријави каква било форма на корупција, со што ќе придонесе кон изградба на поефикасна и транспарентна администрација. Апелирам и ги охрабрувам граѓаните, доколку се соочат со каква било форма на корупција, истото веднаш да го пријават“, изјави Иван Живковски, директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

Кампањата има за цел да ја подигне јавната свест за пријавување случаи на корупција и евентуална злоупотреба на службената положба од страна на вработените во Агенцијата. Ќе се спроведува во сите подрачни одделенија низ државата, а во следниот период ќе се реализираат и едукативни активности на оваа тема.

Секој сомнеж или конкретен случај на корупција граѓаните можат да го пријават анонимно на електронската адреса: [email protected] или на телефонскиот број 070/288-300.

САД бара од Израел да ја зголеми хуманитарната помош во Газа во наредните 30 дена

Соединетите Американски Држави испратија писмо до Израел во кое бараат да се зголеми хуманитарната помош во Газа во рок од 30 дена. Ако не се постигне подобрување, Израел ќе...