Агенцијата за катастар на недвижности со кампања во борба против корупцијата

Кампањата има за цел да ја подигне јавната свест за пријавување случаи на корупција и eвентуална злоупотреба на службената положба од страна на вработените во Агенцијата

-

Преку превентивната кампања „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, Агенцијата за катастар на недвижности вели дека ќе работи на подигнување на свеста за спречување корупција во институцијата.

Од таму велат дека корупцијата во државните институции претставува сериозна закана за нивниот интегритет и го поткопува јавниот интерес, создавајќи атмосфера на недоверба, нееднаквост и неправда.

„Затоа, потребно е секој поединец да преземе одговорност и да пријави каква било форма на корупција, со што ќе придонесе кон изградба на поефикасна и транспарентна администрација. Апелирам и ги охрабрувам граѓаните, доколку се соочат со каква било форма на корупција, истото веднаш да го пријават“, изјави Иван Живковски, директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

Кампањата има за цел да ја подигне јавната свест за пријавување случаи на корупција и евентуална злоупотреба на службената положба од страна на вработените во Агенцијата. Ќе се спроведува во сите подрачни одделенија низ државата, а во следниот период ќе се реализираат и едукативни активности на оваа тема.

Секој сомнеж или конкретен случај на корупција граѓаните можат да го пријават анонимно на електронската адреса: [email protected] или на телефонскиот број 070/288-300.

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека пристап кон...

Земјотрес ги погоди Валандово и Струмица

Земјотрес со јачина од 3 степени го погоди регионот на Струмица и на Валандво, соопштија во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје . „Телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум...

Дизелот поскапува за половина денар, бензините поевтинуваат

Од ноќеска, бензините поевтинуваат за денар и половина, а дизел горивото поскапува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе чини 74 денари...

Едно лице почина во пожар кај реката Лепенец во Ѓорче Петров

Во пожар кој вчера зафатил неколку штали и помошни простории близу реката Лепенец во Ѓорче Петров, изгорело едно лице и добиток, потврдуваат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 18 часот...

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека...