Меџити: Подобрувањето на квалитетот на воздухот еден од стратешки приоритети на Владата

„Јасно е дека за ефикасно решавање на аерозагадувањето, клучно е да се разбере коренот на проблемот“, рече министерот за животна средина и просторно планирање, на настанот поддржан од УНДП на кои се презентираа заклучоците за главните извори на загадување во пет општини во земјата

-

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) Изет Меџити денес имаше обраќање на презентацијата на резултатите за изворите на загадување на воздухот во пет општини, организиран од Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП).

Министерот истакна дека истакна дека МЖСПП е подготвено да им помогне на единиците на локалните самоуправи во планирањето и спроведувањето на ефективни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во нивните општини.

„Јасно е дека за ефикасно решавање на аерозагадувањето, клучно е да се разбере коренот на проблемот. Затоа сме тука да ги слушнеме од експертите и академската фела резултатите од темелната анализа за откривање и идентификација на локалните извори на загадување на воздухот. Тие се од големо значење за формирањето на приоритетни политики, мерки и акции што се итно потребни во нашата заедничка борба со аерозагадувањето“, изјави Меџити.

Резултатите од истражувањето на изворите на аерозагадувањето во пет општини, Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга, го детектираа огревното дрво како најголем извор. Како следните најголеми извори на загадувачи беа наведени сообраќајот и минералната прашина, кои имаат значително поголем удел во текот на летните месеци.

Сепак, постојат значителни разлики помеѓу општините и тие треба да бидат земени предвид при креирање мерки и политики за унапредување на квалитетот на воздухот, укажуваат заклучоците од студијата изработена од лабораторијата Амбикон при Универзитетот Гоце Делчев од Штип, презентирани од ректорот проф. Дејан Мираковски.

Според Армен Григорјан, постојаниот претставник на УНДП, загадувањето на воздухот е значаен предизвик за земјата, а УНДП со финансиска поддршка на Шведска интензивно работи на изнаоѓање соодветни решенија.

„Во соработка со бројни институции и организации, ги споивме науката, знаењето, институционалната поддршка, визијата и оптимизмот. Во 2020 година за прв пат во Северна Македонија спроведовме сеопфатен циклус на истражувања. Користејќи модерна опрема финансирана од Шведска специјално за оваа намена, собраните материјали беа анализирани и беше изработена првата студија за распределба на извори во земјата од ваков вид. Оваа година, истражувањето беше спроведено во пет општини и резултатите ќе ги водат нашите идни напори за подобрување на квалитетот на воздухот“, изјави Григорјан.

Проектот е дел од Рамковната програма на УНДП, којашто е финансирана од Шведска, а го вклучува и проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти.“

Necromanser Eldritch -Diablo 4 -скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Експанзијата „Vessel of Hatred“ на Diablo 4 доби одлични критики од гејмерите

Излегувањето на експанзијата Vessel of Hatred на Diablo 4 наиде на голем број одлични критики од страна на гејмерите ширум светот и е експанзија што фановите ја очекуваа од...