Од 14 до 29 октомври ќе се одржи Неделата на италијанскиот јазик во светот

Во Филхармонијата на Република Северна Македонија ќе настапи познатиот македонски тенор Благој Нацоски во придружба на пијанистката Елена Атанасовска

Од 14 до 29 октомври, ќе се одржи Неделата на италијанскиот јазик во светот (SLIM), a темата ќе биде „Италијанскиот јазик и книгата: светот меѓу редови“.

Официјалното отворање ќе биде во понеделник на 14 октомври со концертот „Пучини 100“, со кој ќе се одбележи 100-годишнината од смртта на големиот италијански композитор Џакомо Пучини.

Во Филхармонијата на Република Северна Македонија ќе настапи познатиот македонски тенор Благој Нацоски во придружба на пијанистката Елена Атанасовска.

Широката палета настани на ова издание на Неделата на италијанскиот јазик ќе заврши на 29-ти октомври со презентација на низа активности како што се изложби, квизови, видео-проекции и литературни читања, организирани од македонското Здружение на професори по италијански и реализирани од ученици кои ќе ја претстават својата креативност комбинирајќи ја со страста за италијанскиот јазик.

Деталната програма може да ja видите на веб страницата www.ambskopje.esteri.it.