Шест пријави за врсничкo насилство од почетокот на учебната година

Добро е што се прекршува тишината, што се пријавува, за да можеме да спречиме ширење и крајно негативни последици. Комуникацијата со јавноста и со граѓанскиот сектор, ни е особено значајна, вели министерката Јаневска

-

Секогаш постои простор за унапредување на системската поддршка и грижата за менталното здравје на учениците. Секоја генерација има свои предизвици во училиштето и надвор од него. Дел од нив во минатото не биле познати, па оттука и механизмот кој треба да понуди помош, мора да се адаптира и да одговара на новото време.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на конференција посветена на грижата за менталното здравје на учениците, во организација на Здружението на граѓани „Младите можат“, на која беше презентиран и документ за јавни политики насловен „Твоја приказна, наша поддршка“.

„Државата обезбедува поддршка за учениците, за превенирање и справување со менталните здравствени проблеми. Имаме Програма за психосоцијална помош и поддршка во унапредување на добросостојбата и менталното здравје на децата во основните и средните училишта. Во училиштата има стручни тимови од психолози и педагози, кои заедно со наставниците посетуваат континуирани обуки на темата. Самите училишта имаат годишна програма за работа во која предвидуваат активности посветени на менталното здравје на учениците“, рече Јаневска, додавајќи дека и Педагошката служба во склоп на министерството постапува согласно своите надлежности, со советувања на ученици, родители и наставници.

„Од почеток на учебната година имаме 6 електронски пријави за врсничко насилство и по истите се постапува. Добро е што се прекршува тишината, што се пријавува, за да можеме да спречиме ширење и крајно негативни последици. Комуникацијата со јавноста и со граѓанскиот сектор, ни е особено значајна. Правилниот раст и развој на младите, градењето на ментално снажни генерации е наша заедничка обврска“, рече министерката.

Јаневска потсети дека во моментов министерството води јавна дебата за неколку нови законски решенија, меѓу кои и за законите за основно и за средно образование. Ја повика пошироката јавност да ги разгледа и да даде заеднички придонес и за подобра регулатива која ќе овозможи поголема и за правилна психосоцијална поддршка за учениците.

Станарите од опожарената зграда во Чаир не знаат кога ќе се вратат дома, бараат одговори од надлежните

Пожарот кој вчера ја зафати зградата на ул. „Прохор Пчински“ утрово беше изгаснат, но станарите сè уште немаат одговори во однос на тоа што го предизвикало пожарот, колкава е...