Мијатовиќ: Итна истрага за прислушувањето новинари

Претставничката за слободата на медиумите при ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ, денеска побара итна истрага за прислушувањето новинари во Македонија, пренесе „Нова ТВ“.

– Прислушување и надзор на новинари е неприфатливо. Ова дополнително ја ослабнува и онака загрозената слобода на медиумите во земјата – вели Мијатовиќ.

Таа е запознаена дека на 25 февруари неколку новинари подигнаа папки од прислушувањата.

– Ова е сериозна и несразмерна повреда на правата на новинарите да ја вршат својата работа и да ги заштитат своите извори. Ваквите дејства мора да се истражат брзо и транспарентно, а извршителите мора да бидат соочени со правдата – заклучува претставничката на ОБСЕ.