Малолетничка и 21-годишно момче пријавени за исчезнати

Дваесет и едногодишен скопјанец и 14-годишно девојче вчера и завчера, во два одвоени случаи, биле пријавени за исчезнати од нивните родители, соопшти полицијата.

Според пријавата на В.Ј. (54), неговиот син А.Ј., на 23 јануари, околу 16 часот, се оддалечил од дома во непознат правец.

Синоќа, околу 23 часот, скопјанката А.А. (39), во полициската станица пријавила дека истиот ден од дома во непознат правец се оддалечила нејзината 14-годишна ќерка.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на момчето и на малолетничката.