Полицијата апсела во Гази Баба, Синѓелиќ и Арачиново барајќи дрога

Фото: Борче Поповски

Во голема полициска акција вчеравечер и ноќеска, полицијата извршила претреси на повеќе локации и домови во Гази Баба, Арачиново и Сингелиќ, а привела и неколку лица. Повеќе детали се најавени за денеска.

Акцијата во интервју за телевизијата „21“ ја потврди и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, но не сакаше да дава повеќе детали.

– Не очекувајте дека акциите ќе ги правиме преку ТВ екраните и камерите -одговори кратко Спасовски.