Хан е убеден дека сите пратеници се свесни за огромната можност и одговорност

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан на својот „Твитер“ изрази увереност дека пратениците од сите политички парии во македонското Собрание ќе ги тргнат настрана партиските интереси и ќе донесат одлука во интерес на земјата и граѓаните.

„Ова се одлучувачки денови за Македонија. Пратениците ќе гласаат за историскиот Преспански договор што ги отвора вратите на земјата за евороатлантската интеграција. Ова е гласање за иднината на земјата и позитивните перспективи за граѓаните. Јас сум уверен дека пратениците од сите политички партии се свесни за огромната можност и одговорност со која се соочуваат денес. Сега е време да се стават настрана партиските интереси и да дејствуваат во интерес на земјата и нејзиниот народ“, напиша Хан.