Маричиќ: Владиниот предлог за уставни измени – тест за двотретинско мнозинство

Со предлогот за менување на Уставот за имплементација на Преспанскиот договор, единствена точка на денешната итна седница, Владата ќе проверува дали го има потребното двотретинско мбозинство во Собранието.

Ова денес го загатна специјалниот советник на премиерот, Бојан Маричиќ, на дебатата “Стратешко размислување за проширување” што се одржа во Скопје во рамки на Форумот на граѓанско општество „Скопје 2018“.

– Има владина седница за усвојување на документ со предлог и насоки за изменување на Уставот. Владата ќе го иницира процесот, ќе го доведе Собранието во ситуација да расправа и да одлучува за процесот. Тоа прво гласање ќе биде тест, ако има двотретинско мнозинство ќе одиме на уставни измени, односно на прифаќање на четири амандмани. Ако не може да собереме двотретинско мнозинство на првото гласање, решемието ќе се бара во брзи избори – рече Маричиќ во дискусијата, одговорајќи на прашањето “што по референдумот”.