Жбогар: Решението освен за Македонија и Грција ќе биде добро за регионот и за Европа

Решението на долгогодишниот спор помеѓу Македонија и Грција ќе биде добро за двете држави, но и за регионот и за цела Европа, изјави денеска амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар за време на посетата на Националниот парк „Пелистер” во Битола.

Според амбасадорот Жбогар, потребни се трпение и доверба за да тоа се случи.

-Сите тука со нетрпение ги очекуваме резултатите од многу интензивните преговори и разговори што се во тек. Мислам дека двете страни ќе може да изнајдат решение кое што освен за двете држави ќе биде добро за целиот регион и Европа. За тоа да се случи, ние мора да имаме трпение и доверба дека тоа ќе се случи – изјави Жбогар.