Околу 70.000 работници во Германија од 80 компании, помеѓу кои и „Фолксваген“, „Форд“, „МАН“ штрајкуваат, а до утре, бројката на компании во кои работниците ќе прекинат со работа ќе се зголеми на 260, јавуваат германските медиуми.
Синдикатот на работниците „ИГ метал“ бара зголемување на платите од осум проценти за 3,9 милиони работници во металскиот и инженерскиот сектор.
Штрајковите, компаниите би можеле да ги чинат 62 милиони евра загуба во приходите, дневно. Работодавачите понудија зголемување на платите од 6,8 проценти, но го одбија барањето за намалување на бројот на работни часови.