Јеремиќ ја поднесе претседателската кандидатура

Поранешниот шеф на српската дипломатија, Вук Јеремиќ, денеска на Републичката изборна комисија ѝ предаде околу 15.000 потписи за поддршка на неговата претседателската кандидатура.

Јеремиќ рече дека одлучил да се кандидира за претседател затоа што во Србија сè поголем е јазот помеѓу богатите и сиромашните и затоа што е потребно да се промени системот кој престанал да биде во служба на граѓаните. Тој изјави дека симболично ја предал кандидатурата на 9 март, на денот кога во 1991 година биле одржани масовни антирежимски демонстрации и, како што истакна, тој ден „симболизира поделба и внатрешни конфликти што не смеат повторно да ѝ се случат на Србија“.

Кандидатурите за претседателските избори во Србија досега ги предадоа лидерот на Српската напредна партија и актуелниот премиер на Србија, Александар Вучиќ, поранешниот омбудсман како кандидат на проевропската опозицијата, Саша Јакновиќ, и лидерот на радикалите Воислав Шешељ.

Републичката изборна комисија денеска одреди дека на 2 април ќе се гласа на 8.253 избирачки места во Србија, додека избирачките места на Косово и во странство ќе бидат утврдени до 12 март.