Извештајот на Катица Јанева денеска пред пратениците во Собрание

Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци денеска ќе се најде пред пратениците во Собранието и пред Советот на јавни обвинители.

Ова ќе биде четврта седница на Советот на која на дневен ред е Извештајот, а седниците досега се откажуваа затоа што Јанева не се појави да го образложи документот.

На седницата на Собранието, пратениците освен за Извештајот на СЈО ќе расправаат и по предлогот за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.

На дневен ред е и предлогот за дополнување на Законот за помилување, по скратена постапка, поднесен од пратениците од опозицијата.