Идентификувани напаѓачите во Сан Бернардино

Властите на американскиот град Сан Бернардино ја идентификуваа двојката што уби најмалку 14 лица во пукањето во зградата на регионалниот центар „Инленд“, како Сајед Ризван Фарук (28) и Ташфин Малик (27).

Шефот на полицијата во калифорнискиот град, Џарод Берган, рече дека Фарук е роден во САД и дека бил административен работник во центарот „Инленд“.

Напаѓачите биле гости на забава во центарот, кој во еден момент го напуштиле, а потоа се вратиле и отвориле оган.

Берган изјави дека не е познат мотивот на нападот. Напаѓачите, кои биле во брак или биле свршени, се убиени во акцијата на полицијата.