Блинкен навести дека САД ќе ги укинат ограничувањата за Украина околу користење на оружје со долг дострел во Русија

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, пак, изјави дека информациите околу испраќањето на балистички ракети од Иран во Москва, што беше откриено претходно неделава, го променило стратешкото размислување во Лондон и Вашингтон

-

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен даде навестување дека Белата куќа е на пат да ги укине ограничувањата за Украина околу користењето на оружјето со долг дострел што го снабдува Западот за клучните воени цели во Русија. Се смета дека одлуката е веќе донесена зад затворени врати, пишува Гардијан.

Блинкен од Киев, каде што беше во посета заедно со министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство, Дејвид Лами, рече дека САД од првиот ден биле подготвени да ја прилагодат својата политика, според тоа како се менувала ситуацијата на бојното поле во Украина.

„Ќе продолжиме да го правиме ова“, изјави Блинкен.

Британскиот министер за надворешни работи, пак, изјави дека информациите околу испраќањето на балистички ракети од Иран во Москва, што беше откриено претходно неделава, го променило стратешкото размислување во Лондон и Вашингтон. Овие случувања ги опиша како „значајна и опасна ескалација“.

„Ескалаторот овде е Путин. Путин ескалираше со испорака на ракети од Иран. Гледаме нова оска на Русија, Иран и Северна Кореја“, рече Лами.

Гардијан пишува дека извори од британската влада посочиле оти веќе е донесена одлука да ѝ се дозволи на Украина да ги користи крстосувачките ракети „Бурна сенка“ (Storm Shadow) на цели во Русија, иако не се очекува ова да биде објавено на утрешната средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Кир Стармер. Двајцата се очекува да разговараат за војната во Украина и како таа би можела да биде завршена.

Лами од Киев ја осуди, како што рече, злобната инвазија на рускиот лидер во Украина и го обвини за „ароганција и алчност“.

„Ова е империјализам. Ова е фашизам“, рече тој.

Украина со месеци лобира за дозвола да погоди аеродроми, ракетни лансери и командни и контролни центри длабоко во руската територија.

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека пристап кон...

Земјотрес ги погоди Валандово и Струмица

Земјотрес со јачина од 3 степени го погоди регионот на Струмица и на Валандво, соопштија во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје . „Телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум...

Дизелот поскапува за половина денар, бензините поевтинуваат

Од ноќеска, бензините поевтинуваат за денар и половина, а дизел горивото поскапува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе чини 74 денари...

Едно лице почина во пожар кај реката Лепенец во Ѓорче Петров

Во пожар кој вчера зафатил неколку штали и помошни простории близу реката Лепенец во Ѓорче Петров, изгорело едно лице и добиток, потврдуваат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 18 часот...

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека...