На 2 ноември ќе легнат парите на сметката на Јанева

Неделава ќе биде отворена сметка за Специјалното јавно обвинителство со овластен потпис од специјалниот јавен обвинител, најави на денешната прес-конференција министерот за финансии, Зоран Ставрески.

– Одлуката треба да помине на владина седница и на 2 ноември да се усвои во Собранието, при што одобрените средства од буџетот ќе легнат на сметката и ќе можат да се користат – рече Ставрески.