Уапсени две лица во антитерористичка акција во Кина

Две лица се уапсени денеска во Кина, во полициска акција за разбивање терористички групи.

Полицијата во градот Венџоу, во источниот дел на Кина, наведе дека спровела серија координирани акции во пет часот наутро, при што е запленетo големo количeство оружје, во кое имало ножеви и рачно изработени бомби.

Не се откриваат детали за уапсените, но кинеските претставници често „терористи“ ги нарекуваат припадниците на радикалното ујигурско муслиманско малцинство, за кое се верува дека за своите акции добива инструкции од други земји.