четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: антитероризам | 14 резултати

Милошоски: Кукавички поставена бомба во куќата на мојот татко

мај 14, 2017

Во селото Ижиште вчеравечер екипи на крим-техника од Македонски Брод, Прилеп и од антитерористичка единица од Скопје успешно демонтирале бомба на задната врата во куќата на родителите на Антонијо Милошоски, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на својот профил. Тој обвини дека „криминално-политичкото подземје кое се инспирира од „бомбите на мандатарот за Живот“, почнало да поставува вистински […]

Отстранета импровизираната експлозивна направа од Собранието

мај 3, 2017

Одделот за антитероризам при МВР ја подигнал импровизираната експлозивна направа од Собранието за понатамошна постапка, информираат од МВР. Оттаму додадваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. Вчера, во 17.28 часот, во Единицата за информирање и команда (ЕИК) Скопје, началникот на обезбедувањето на Собранието пријавил дека во ходникот на првиот кат е пронајдена […]

Во ходникот на Собранието била пронајдена импровизирана експлозивна направа

мај 2, 2017

Денеска во Собранието, во ходникот на првиот кат, била пронајдена импровизирана експлозивна направа, потврдија за „Мета“ од МВР. Оттаму велат дека станува збор за петарда со фитиљ, кој со леплива лента бил врзан за голема плинска боца за полнење запалки. „Во 17.28 часот, во Единицата за информирање и команда (ЕИК), началникот на обезбедувањето на Собранието, Горан Јарчевски, […]

Седум лица приведени во рации во Брисел

јануари 25, 2017

Белгиската полиција привела седум лица во антитерористичките рации во областа на Брисел, во рамки на истрагата за можно враќање на борци од Сирија. Канцеларијата на сојузниот обвинител денеска соопшти дека приведувањата следеле по осумте рации изведени утринава и додаде дека истрагите не се поврзани со нападите во Брисел изведени во март 2016 година, ниту со […]

Утврден идентитетот на сопственикот на сомнителното возило пред Амбасадата на САД

декември 6, 2016

Министерството за внатрешни работи го утврдило идентитетот на сопственикот на возилото, марка „застава“, што вчера ги мобилизираше тимовите за антитероризам на МВР откако од Амбасадата на САД во Скопје било пријавено дека е можно во возилото, кое било паркирано пред амбасадата, да има експлозив. „Утврден е идентитетот на сопственикот, но во врска со тоа нема да […]

Aнтитерористичка операција северно од Париз

јули 21, 2016

Француската полиција денеска спровела антитерористичка операција во регионот северно од Париз, соопштија претставниците на полицијата и на правосудството. Операцијата во областа Аржантој не е директно поврзана со нападот во Ница, кој беше изведен минатата недела, рекоа правосудните органи. Медиумите јавуваат дека се извршени најмалку два претреса и оти во нив учествувале специјалните полициски сили. Медиумите […]

Формирана нова муслиманска антитерористичка коалиција

декември 15, 2015

Саудска Арабија објави дека 34, главно муслимански нации, се здружиле во нова воена алијанса за борба против тероризмот, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извештаите на државните медиуми во Саудска Арабија, заедничкиот оперативен центар на коалицијата ќе биде во главниот град на земјата, Ријад. Во воената алијанса учестуваат земји од Азија, […]

Египет воведе строги закони за борба против тероризмот

август 17, 2015

Египетскиот претседател, Абдул Фатах ал-Сиси ги одобрил новите строги антитерористички закони, поради зголемените закани од џихадистички напади во земјата, јавуваат светските медиуми. Новите закони предвидуваат воведување на специјални судови и дополнителна правна заштита за војската и полицијата при употреба на сила. Исто така, се воведува и смртна каза за секој што ќе биде прогласен за […]

Уапсени две лица во антитерористичка акција во Кина

јули 24, 2015

Две лица се уапсени денеска во Кина, во полициска акција за разбивање терористички групи. Полицијата во градот Венџоу, во источниот дел на Кина, наведе дека спровела серија координирани акции во пет часот наутро, при што е запленетo големo количeство оружје, во кое имало ножеви и рачно изработени бомби. Не се откриваат детали за уапсените, но кинеските претставници […]

И војската ѝ помага на белгиската полиција

јануари 17, 2015

Околу 300 војници денеска се распоредени низ Белгија да ги надгледуваат објектите што би можеле да бидат цел на терористички напади, вклучително и објектите во пристанишниот град Антверпен, пренесуваат белгиските медиуми. Белгискиот премиер, Стивен Вандепут, денеска во интервју изјави дека војниците надгледуваат одредени амбасади и неколку згради во еврејскиот кварт во Антверпен. Белгија го крена нивото на […]

Страна 1 од 1