Жител на Дурачка Река се задушил од чад од пожар во својот дом

Вчера, околу 11.30 часот, во полициската станица во Крива Паланка било пријавено дека 50-годишниот Орце И. од селото Дурачка Река починал од задушување со чад, во пожар кој избувнал во неговиот дом.

Како што информираат од полицијата, пожарот настанал кога од шпоретот на дрва се запалиле дел од кујнските елементи и облека.

Увид на местото извршила екипа од надворешната канцеларија за криминалистички работи, а лекар од кумановската болница констатирал дека на телото на починатиот нема траги на насилство и дека причина за смртта е труење со јаглерод моноксид.

Со согласност на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.