fbpx

За грчко МНР референдумот е контрадикторен, но го почитува изборот на граѓаните

-

Голем дел од општеството го поддржа Договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но Грција го почитува изборот на граѓаните од соседната земја, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција во однос на резултатите од референдумот.

Во соопштението се наведува дека „Грција одблиску, но со соодветна дистанца, ги следи случувањата“, а исто така, „останува обврзана кон Договорот од Преспа“.

„Резултатот од референдумот во Поранешната Југословенска Република Македонија, консултативен, а не дел од обврзувачките услови од Договорот од Преспа, е контрадикторен. Големо преовладување за „за”, но без соодветна  излезност. Голем дел од општеството на соседната земја го поддржаа Договорот. Но, еден важен дел го гледа со скептицизам. Грција го почитува изборот на граѓаните на Поранешната Југословенска Република Македонија“, соопштија од МНР.

Од таму додаваат дека „климата на национализам и сомнеж, секојдневните лажни вести и фанатизмот, не дозволувале да се направи трезвена проценка на големите придобивки од Договорот и го спречуваат взаемното разбирање меѓу народите.“

„Во следните чекори потребна е трезвеност од сите страни, независно, за да се обезбеди позитивна динамика на Договорот од Преспа“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...