Времето променливо облачно со сончеви периоди

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе настапи нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови.

Ќе дува умерен северен ветер, особено долж Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 21 до 30 Целзиусови степени.

Како што информираат од УХМР, од утре ќе настапи постепена стабилизација на времето, но во северните делови сѐ уште ќе има услови за краткотраен попладневен дожд. Потоа следува период на претежно сончево и топло време.