Вонредна состојба во Санта Барбара поради големиот пожар

Шумски пожар во крајбрежните кањони на јужниот калифорниски град Санта Барбара зафатија повеќе од 1.600 хектари земјиште, а пожарникарите засега не успеваат да го стават под контрола.

Округот Санта Барбара прогласи вонредна состојба поради пожарот. Властите наредиле евакуација на пет места и издале предупредување за уште пет. Исто така, затворени се и два кампа.

Пожарот изби во средата попладне и уништи насади на авокадо, лимон и на маслинки. Во текот на ноќта, поради пожарот е затворен и крајбрежниот автопат, а во налет на огнената стихија се уништени и станиците за прочистување на вода со која се снабдува државната плажа Ел Капитан, една од плажите која пред една година се бореше со излевање нафта.

Во гаснењето на пожарот учествуваат повеќе од 1.200 пожарникари. Временските услови дополнително го отежнуваат гаснењето на пожарот.