Украдени пари и накит од куќа во Тетово

Непознати сторители ограбиле куќа во сопственост на Џ.К. во Тетово вчера откако со употреба на сила и тврд предмет ја отвориле пластичната шибер балконска врата од приземјето.

Крадците одзеле 700 евра, два црни ковчега во кои имало златен накит и бижутерија и кутија со златен ѓердан со што предизвикале вкупна материјална штета од околу 600.000 денари.