Ученик уби двајца во средно училиште во САД

Двајца мртви и 17 ранети и повредени е епилогот на крвавиот напад што вчера се случил во средното училиште Маршал Каунти во Бентон, во американската држава Кентаки. Нападот го извршил 15-годишен ученик, а жртвите се негови врсници.

Според полицијата, убиецот, кој не е идентификуван, бил уапсен 15-тина минути по нападот во кој животите ги загубија една девојка и едно момче.

Напаѓачот пукал во група ученици, пред почетокот на наставата, и погодил 14 ученици, меѓу кои биле и убиените. Другите петмина биле повредени при бегањето.