!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Тројца повредени при расправија на малолетници


       
Скопје, 12 ноември, 2017 - 14:20 (META) 

Малолетник од Скопје е прободен со остар предмет во пределот на грбот, синоќа на булевар „Видое Смилевски Бато“.

Како што соопшти минситерството за внатрешни работи, синоќа, околу 21.30 часот додека малолетникот Б.В од Скопје на бул.„Видое Смилевски Бато“ бил заедно со уште неколку другари, му пришле малолетникот С.Д., неговиот брат Н.Д (22) и уште едно постаро лице. Кога пристигнале С.Д му се заканил на Б.В дека ќе го прободе, заради некои претходни расправии. Во моментот кога Б.В сакал да си замине, од позади бил прободен со остар предмет во пределот на грбот, по што успеал да избега и потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градска општа болница „Наум Охридски“. Од страна на доктор првично се констатирани телесни повреди и истиот е задржан на лекување.

Околу полноќ во Ургентен центар, лекарска помош побарале и Д.Д. (45) и Н.Д., татко и брат на С.Д. Истите се пожалиле на повреди кои ги здобиле од истиот настан, а биле нападнати од лицата кои биле во друштво на Б.В. Од страна на доктор кај двајцата се констатирани телесни повреди и се пуштени на домашно лекување.

Известен е дежурен јавен обвинител, кој дал насока настанот првично да се третира како – нарушен јавен ред и мир со меѓусебна тепачка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.