Тешка сообраќајка кај Кичево, загина тримесечно бебе, пет лица се повредени

Тримесечно бебе загина, а пет лица се повредени попладнево во тешката сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, помеѓу селата Србјани и Староец.

Во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила и едно товарно моторно возило.

Повредените лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, а сообраќајот се пренасочува по алтернативен пат.