fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Двајца членови на Владата се под истрага за корупција, соопшти Заев

Двајца членови на актуелната Влада се под истрага за корупција, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Самитот „Македонија 2025“, што се одржува во Скопје. Заев додаде дека истрагите се отворени по пријави од граѓаните, но истакна оти не може да соопшти повеќе детали. - Активно се бориме против корупцијата и не случајно двајца членови на Владата веќе се под...

Заев: За коалицијата ќе разговараме следните денови, прво да ги оладиме главите

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека досега не разговарал со коалиционите партнери и со другите политички партии за евентуално велгување или излегување од Владата, како и за пополнување на испразнетите министерски, заменик-министерски и директорски места по локалните избори. Тој очекува за овие прашања да се дискутира во наредните денови, откако, како што рече, ќе слегне прашината и сите ќе бидат...

Заев до ЛГБТИ-заедницата: Ве охрабрувам да бидете гласни и слободно да се изразувате

Ве охрабрувам да бидете гласни, слободно да се изразувате и да дејствувате во насока на заштитата на правата на граѓаните, истакна премиерот Зоран Заев, во своето обраќање по повод одбележувањето на петгодишнината од формирањето на ЛГБТИ-Центарот во Скопје. Осврнувајќи се на инцидентите и на нападите, кои сè уште не се расчистени и поради кои центарот ја смени својата локација и...

Заев и амбасадорите на ЕУ и на САД разговараа за реформите на безбедносните служби

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, вчера со евроамбасадорот Семуел Жбогар, амбасадорот на САД, Џес Бејли, на Велика Британија, Чарлс Гарет, на Холандија, Воутер Пломп, на Шведска, Матс Стафансон, како и со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Тејада, разговараше за...

Заев: Отворени сме за сите што можат да придонесат за економски напредок

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Мајк Зафировски, Џон Битов Помладиот и со Роберт Арсов, членови на одборот на директори на „Македонија 2025“, невладина организација во која членуваат бизнисмени од дијаспората и менаџери од Македонија. - Владата на Република Македонија е отворена за сите што можат да придонесат за економски напредок на државата. Ја поздравуваме иницијативата на дијаспората и конретното активирање на претставниците...

ОБСЕ/ОДИХР: Изборите беа демократски, не забележавме случаи на насилство

Вториот круг од локалните избори се одвиваше во натпреварувачки дух и почитувањето на темелните слободи придонесе за спроведување на демократски избори, заклучи набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во прелиминарниот извештај за локалните избори што се одржаа вчера. - Законската рамка претставува солидна основа за спроведување демократски избори. Иако повеќето одредби од Изборниот законик се применуваа и во вториот круг, законот нејасно регулира некои аспекти...

Села не ги признава резултатите од изборите, го обвини Заев за поразот во Струга

Лидерот на Алијансата за Албанците и кандидат за градоначалник на Општина Струга, Зијадин Села, изјави дека не ги признава резултатите од денешното гласање за локалните избори бидејќи, според него, имало поткуп и уцени на гласачи вршени од партиски активисти заедно со полицијата. Тој од лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев побара одговор за резултатите во Струга, кои се во...

Заев го повика Груевски да ги признае изборите и да работи во интерес на граѓаните

Ова е голема победа на граѓаните на Македонија и им го честитам овој голем празник на демократијата, рече лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, додавајќи дека изборите биле фер и демократски. Заев рече дека резултатот бил очекуван за нив, за опозицијата, но и за граѓаните. Тој истакна дека не смее да има еуфорија, односно дека „прославите завршуваат вечерва, од...

Заев во Чаир: Гласајте за Висар Ганиу, ќе работи за сите граѓани

„Чаир е пример на мултиетничност, а Висар Ганиу е лицето на едно општество за сите. Овој концепт го градиме мудро и посветено, го препозна цела Македонија, мора да го препознае и знам дека го препознава и општина Чаир. Да не дозволиме повеќе национализми, победата ќе блеска како што му личи на Чаир“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево...

Заев и Ахмети апелираат за демократски избори и во втор круг

Постојано сме работеле на демократските процеси и затоа посакуваме тие стандарди да се имплементираат и на 29 октомври, затоа што тоа е многу значајно за нашата заедничка иднина, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Тетово, каде што вечерва се одржа митинг. По митингот, Ахмети на кратко се сретна со премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев. Заев од граѓаните побара да...

Заев – Бејкер: Владата ќе продолжи да го поддржува концептот едно општество за сите

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со рабинот Ендру Бејкер, директор за меѓународни еврејски работи во Американскиот еврејски комитет (AJC). Заев и Бејкер најавиле поддршка за одржување на комеморација по повод 75-годишнината од депортацијата на Евреите, што ќе се одржи следната година. Премиерот истакнал дека еврејската заедница е значаен дел од традицијата и од историјата на државата и дека Владата ќе продолжи...

Алијанса за Албанците останува во Владата, потврди Села

Алијанса за Албанците не излегува од Владата, изјави лидерот на партијата, Зијадин Села, во интервју во емисијата „Топ-тема на ваша страна“ на „Телма“. Информациите дека партијата наводно ја напушта владината коалиција, тој ги нарече шпекулација и политички маркетинг на ДУИ за да се исплашат гласачите. - Ние, како коалиционен партнер, не сме имале дебата на оваа тема - рече лидерот...

Заев – Пацоли: Како две нови влади, имаме потенцијал за исчекор кон НАТО и кон ЕУ

Владата е определена Македонија да гради добри односи со Република Косово, како и со сите соседи и со тоа активно да придонесе за иднината на целиот регион на Западен Балкан, во Европската Унија и во НАТО, истакнал премиерот Зоран Заев на средбата со шефот на косовската дипломатија, Беџет Пацоли, кој е во еднодневна работна посета на Македонија. - Имаме потенцијал, како...

Владата ќе го решава статусот на „Еурокомпозит“

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со синдикални претставници на фирмата „Еурокомпозит“, со кои разговарал за решавање на проблемите на 240 вработени. На средбата, Заев ги информирал синдикалните претставници дека следната недела на владина седница ќе се донесе одлука за обезбедување средства за една плата на вработените во „Еурокомпозит“. - Се разгледува можноста за решавање на егзистенцијалното прашање на вработените, кои...

Шефот на косовската дипломатија утре во официјална посета на Скопје

Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, утре ќе претстојува во еднодневна посета на Македонија, соопшти македонското министерство за надворешни работи. Покрај средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, Пацоли ќе биде примен и од претседателот на Собранието, Талат Џафери, и од премиерот, Зоран Заев. Се очекува на средбите да бидат разменети мислења за прашања од заеднички...

Заев не очекува Грција да ја попречи екстрадицијата на Грујовски и на Бошкоски

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не очекува Грција од политички причини да ја попречи екстрадицијата на Горан Грујовски и на Никола Бошкоски, за кои е распишана меѓународна потерница и кои Специјалното јавно обвинителство ги обвини за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување. Одговарајќи на новинарски прашања, Заев истакна дека Македонија има воспоставено соработка со Грција и дека очекува...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не може да го сокрие фактот дека изборите беа криминални

„Ова се први избори во кои беше убиен директен учесник во изборниот процес. На кандидат за градоначалник му беше скршен черепот, а секојдневно пристигнуваат сведочења за закани со оружје, заплашувања и за поткуп“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, во Кавадарци. „Лагите на Заев нема да го покријат фактот...

Заев: Изборите беа кристално чисти, фер и слободни

Изборите беа кристално чисти, фер и слободни, со изолирани инциденти, а тоа го потврдија и меѓународните институции, изјави денеска во Кавадарци лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, прашан за коментар на вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека изборите биле нелегитмни и недемократски. - Човекот конечно изгуби избори, ние тврдевме дека само ако има слободна изразена волја,...

Заев: Парламентарното мнозинство ќе зајакнува со пратеници од опозицијата

Парламентатното мнозинство ќе зајакнува бидејќи има многу демократи и чесни луѓе од опозицијата, кои не се согласуваат со политиките на поделби, национализам и на антагонизам. Ова денеска го изјави лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, за време на посетата на Штип, во рамките на кампањата за вториот круг од локалните избори. - Јас верувам дека неколку пратеници ќе се...

Заев ја потврди коалицијата со ВМРО – Народна партија во Штип за вториот круг од изборите

Кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ, Благој Бочварски, во вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи на 29 октомври, ќе ја има поддршката од ВМРО - Народна партија, потврди лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, за време на денешната посета на Штип, во рамките на кампањата за вториот круг од изборите. - Она што е новина...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...