fbpx

Алијанса за Албанците останува во Владата, потврди Села

-

Алијанса за Албанците не излегува од Владата, изјави лидерот на партијата, Зијадин Села, во интервју во емисијата „Топ-тема на ваша страна“ на „Телма“. Информациите дека партијата наводно ја напушта владината коалиција, тој ги нарече шпекулација и политички маркетинг на ДУИ за да се исплашат гласачите.

– Ние, како коалиционен партнер, не сме имале дебата на оваа тема – рече лидерот на Алијанса за Албанците.

Села, кој е кандидат за градоначалник на Струга, изјави дека лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, политички многу греши кај Албанците со тоа што ѝ помага на ДУИ во вториот круг од локалните избори, притоа потсетувајќи на изјавите на Заев, кои ги давал пред парламентарните избори, поврзани со бомбите, во кои за криминалот на претходната власт ги посочувал и функционерите на ДУИ.

– Политиката на СДСМ не е конзистентна. Пресвртот на политичкото дејствување кон ДУИ, Заев треба да го објасни. Тешко дека повторно би ја добил истата поддршка од Албанците како претходно – рече Села, додавајќи дека политичкото однесување на Заев за локалните избори и поддршката за ДУИ му е разбирлива, но оти однесувањето на Заев како човек не е во ред.

Тој отфрли можност за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од изборите за градоначалник, како можност да ги добие нивните гласови, велејќи дека не се созреани односите со ВМРО-ДПМНЕ за тоа. Истовремено, тој го остави отворено прашањето за можните коалицирања во Советот на Општина Струга, велејќи дека коалициите ќе се прават по вториот круг.

Села во интервјуто зборуваше и за неговите изјави кои во јавноста беа оценети како антимакедонски. Тој рече дека тие биле извадени од контекст или невистинити, како дел од кампања против него за да не се формира парламентарното мнозинство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...