fbpx
Таг: Водно

таг: Водно

Прекината изградбата на гасоводот на Водно, Шилегов повика на дебата в понеделник

Градоначалникот на Скопје,Петре Шилегов, денеска информираше дека се прекинати сите градежни активности за изградба на гасоводот на Водно сè до завршување на процесот на дијалог и дебата. Тој ги повика претставниците на надлежните државни органи, како и претставниците на граѓанските здруженија на дебата в понеделник во 13 часот во просториите на Советот на Град Скопје. - Изградбата на гасоводот на...

Трет ден жив ѕид од еко-активисти пред механизацијата на Водно

Трет ден по ред, под мотото „Не низ Водно“ активистите од екологистичката иницијатива „Го сакам Водно“ и денеска продолжува со одржување на живиот ѕид пред механизацијата на фирмите кои треба да го градат гасоводот на Водно. Преку Фејсбук-страницата, активистки утринава објавија фотографии од кампот, повикувајќи ги граѓаните да им се придружат. „Го сакам Водно“ вчера преку соопштение ги образложи причините зошто...

„Го сакам Водно“ побара дисциплинска постапка против насилникот и јавна дебата

Иницијативата „Го сакам Водно“ по вчерашниот инцидент на Водно, кога еден од луѓето што работеа на изградбата на гасоводот даде наредба на багерите да ги прегазат активистите, побара виновникот да биде отстранет и веднаш да се почне дисциплинска постапка против него. Истовремено, екологистите побараа дебата со директорот на МЕР, градоначалникот на Скопје и заменик министерот на Министерство за животна...

МЕР: Работникот што почнал расправија со активистите ја пречекорил границата

Државното претпријатие Македонски енергетски ресурси се огласи со реакција на денешниот инцидент на Водно, порачувајќи дека работникот што почнал расправија со активистите не постапил согласно политиката на фирмата и може да биде ставен на дисциплинска постапка. „Денеска продолжија градежните активности за гасификација на Република Македонија, на трасата преку Водно. Активностите се на потег на кој не е предвидена измена на...

Инцидент со екологистите на Водно

Вербален конфликт избил пладнево помеѓу багеристите и активистите кои протестираат на Водно. Како што пренесуваат неколку медиуми, наводно еден од одговорните на проектот за раскопување на Водно со цел поставување на гасовод му наредил на багеристот кој го вршел копањето да помине низ луѓето кои со жив ѕид протестираат на местото. По ова на местото каде се врши ископот настанал вербален...

„Го сакам Водно“: Загадувањето во Скопје нема да се намали со изградба на гасовод низ Водно

На Водно и со сменетата траса ќе се исече шума со површина колку целиот булевар Партизански Одреди, а широчината на трасата и сега на места е и по 46 метри, не 10 метри. Исто така, наспроти тврдењата на Владата, трасата потоа не ќе може да се пошуми. Ние сме за гасовод, ама не на Водно, порачаа од иницијативата „Го...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Владата и Шилегов лажат-сушат

Никаде во светот прво не се сече шума, а дури потоа да се бара решение. СДСМ, Шилегов и владата не само што лажат туку и сушат, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција во Владата на која скопскиот градоначалник Петре Шилегов, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули и директорот на АД Македонски енергетски ресурси...

Трасата на гасоводот на Водно останува, но изменета и скратена

Во соработката со екологистите постигнавме компромис за максимално да ги намалиме штетите на животната средина од изградбата на магистралниот гасовод на Водно, трасата е скратена и со тоа за 70 отсто се намалува опфатот на природата што ќе биде засегната, а појасот по кој ќе се гради е намален од 25 на 10 метри и за тоа ќе се...

„Еко-свест“ предупредува дека на парк шумата Водно ѝ се заканува уништување

На парк шумата Водно ѝ се заканува уништување од изградбата на гасовод низ значајни подрачја на природа богати со биодоверзитет, велат од невладината „Еко-свест“ и додаваат дека минатата недела испратиле дописи до меѓународни институции и банки со цел да алармираат за повеќе проблеми кои ги има изградбата на гасовод низ Водно. „Во последните неколку месеци еколошките организации и иницијативи водат...

Анѓушев: За гасоводот на Водно има регулирана градежна дозвола и земено е кредит

Магистралниот гасовод низ Водно има регуларна градежна дозвола, за негова изградба државата има земено кредит и потпишано договори со изведувачи, одговори денеска на новинарско прашање, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Тој додаде дека станува збор за проект среде имплементација и секоја промена ќе значи одолжување на градбата на гасоводот и дополнително сечење на шума за греење на граѓаните. - Одложувањето...

Активистите бараат да се тргнат багерите од Водно, Владата тврди дека не се гради

Активистите кои се за заштита на парк-шумата Водно, бараат да се тргне градежна механизација од таму, додека не се добие конечна одлука од страна на Владата за изградба на гасоводот од таму и што мислат сите засегнати институции кои треба да помогнат да се реши проблемот. „Бараме од Владата, преку која било правна основа, да го стопира тоа одобрение за градба кое...

Автобусот на ЈСП од Железничка кон Водно наместо во 8 ќе тргнува во 7.30 часот

Линијата број 25 која сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно ќе има измена во возниот ред, информираат од ЈСП. „Терминот за поаѓање на автобусот предвиден во 8 часот, се менува, односно поаѓањето ќе се реализира во 7.30 часот. Промената во возниот ред ќе важи за време на викендите и државните празници. Измената во поаѓањето е по барање на планинарите...

Активистите бараат Владата јавно да ја објави одлуката за гасоводот да поминува низ Водно

По повод вчерашната изјава на директорот на МЕР, Бајрам Реџепи во која се вели дека Владата одлучила гасоводната делница Скопје – Тетово – Гостивар да продолжи да се гради по истата траса низ парк шума Водно, со неколку измени и мерки, активистите за заштита на Водно очекуваат јавен одговор од Владата со објавување на нејзината одлука гасоводот да помине низ парк...

Владата останува на ставот гасоводот да се гради низ Водно

Владата одлучи гасоводната делница Скопје - Тетово - Гостивар, што е предвидено да заврши до Охрид, да продолжи да се гради по истата рута, но со неколку измени и мерки, најави директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР) Бајрам Реџепи во интервју за МИА. - Се предвидува да се намали ширината на работниот појас од 25 на 10 метри и да...

Активистите не го даваат Водно, иако МЕР понуди нова траса на гасоводот

Граѓанските иницијативи и здруженија во Владата ќе го пренесат својот непроменлив став против уништувањето на Водно. Средбата во Владата на која ќе присуствува вицепремиерот Кочо Анѓушев е закажана за денеска во 17 часот. Тие велат дека се задоволни што заеднички го увериле и убедиле Анѓушев за штетата што овој дел од гасоводот ќе ја предизвика врз Водно. „Но, во исто време длабоко...

Анѓушев: Гасоводот мора да поминува низ Водно, но ќе има нова траса

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи, заедно со претставници од иницијативата „Го сакам Водно“ денеска ја поминаа трасата по која треба да поминува гасоводот, за лично да се уверат каква шума и зеленило ќе бидат уништени. Анѓушев вели дека слушал различни спротивставени ставови за тоа колку шума треба да се исече...

„Го сакам Водно“: Заев да престане поедноставено да гледа на уништувањето на Водно

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ реагираше на вчерашните изјави на премиерот Зоран Заев во емисијата на Канал 5 „Само вистина“, порачувајќи му дека не смее поедноставено да се гледа на животната средина и дека многу работи што ги кажал за изградбата на гасоводот на Водно се неточни. Од иницијативата велат оти е неточно дека со гасоводот ќе се реши комплетно...

Привремен сообраќаен режим претстојниот викенд на Водно

Градот Скопје информира дека на дел од улицата „Тодор Александров“ и патот кој води до Средно Водно, овој викенд ќе се одржи брзинско – ридски натпревар во автомобилизам „Награда на Скопје Водно 2018“. „За таа цел, дел од улицата „Тодор Александров“, на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ул. Тодор Александров бр. 165) и патот до Средно Водно...

Анѓушев и граѓаните ќе ја разгледуваат трасата на гасоводот низ парк-шума Водно

На повик на вицепремиерот Кочо Анѓушев, вчера, претставници од граѓански инцијативи се сретнаа со него, заедно со директорот на МЕР, Бајрам Реџепи, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и шефот на неговиот кабинет, Никола Наумоски, во просториите на Владата. „Некој го довел во заблуда вицепремиерот дека се работи за шума од 600 метри до максимален потег од еден километар која би се исекла...

Анѓушев: Промената на трасата на гасоводот од Водно ќе ја одложи изградбата за пет години

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев смета дека, ако се промени трасата на гасоводот од Водно, изградбата ќе се одложи до пет години. Затоа, како што одговори на новинарско прашање, треба да се вложат сите средства уништувањето на зеленилото да се сведе на минимум, а потоа сè што ќе биде уништено да се санира и да се надомести со ново...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...