Никаде во светот прво не се сече шума, а дури потоа да се бара решение. СДСМ, Шилегов и владата не само што лажат туку и сушат, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција во Владата на која скопскиот градоначалник Петре Шилегов, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули и директорот на АД Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи, објавија дека продолжува изградбата на гасоводот на Водно по нова и стеснета траса.
Опозициската партија вели дека напразно се фалбите за заштита на шумата, кога таа е веќе исечена.
„Откако ја исекоа шумата на Водно за поставување на трасата на гасоводот се решија дека треба да ја спасуваат. СДСМ ветуваше живот и воздух за сите, а сега гледаме како се сечат повеќедецениските дрва. Штетата е направена. Ништо и никој нема да може да ги врати дрвата што ги исекоа. Ако се неспособни и ако не знаат како треба да работи и да се справат со проблемите треба да си поднесат оставка“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.